Достапни линкови

Нерамномерен регионален развој


И по три години од донесувањето на Законот, во државата постои голема разлика во развојниот степен на деветте региони. Дури сега државата преку формирање на Центри за плански региони ќе се обиде да го изедначи развојот. Во Македонија најразвиен регион е Скопскиот, па потоа југоисточниот и на трето место Пелагонискиот.

Ќе се издвојуваат буџетски средства од 1 процент од бруто домашниот производ кои ќе се слеваат во центрите за реализација на регионални прокети. И во изминатите години се издвојувала солидна сума на средства, но поради недостиг на заеднички прокети во регионите, таа се пренаменувала. Заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератоски вели:
Наидовме на ситуација во која општините недоволно беа подготвени со адекватни прокети кои имаат ваква развојна компонента. За овие средства да не бидат вратени во буџетот одлучивме уште во 2009 година да можат од нив да се добиваат пари за јакнење на капацитетите за локална самоуправа, концепирањето на центрите за плански региони, за урбанистички планови итн.


„Наидовме на ситуација во која општините недоволно беа подготвени со адекватни прокети кои имаат ваква развојна компонента. За овие средства да не бидат вратени во буџетот одлучивме уште во 2009 година да можат од нив да се добиваат пари за јакнење на капацитетите за локална самоуправа, концепирањето на центрите за плански региони, за урбанистички планови итн.“
Владимир Талески

И градоначалниците признаваат дека досега конкурирале со локални проекти.

„Значи општински проекти кои фактички не се регионални. Ако на некоја општина ни е потребна некоја локална улица, тоа не може да влезе во програмата за развој на регионот“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Во државата, најразвиен е Скопскиот регион, на второ место е југоисточниот, а Пелагонискиот на трето иако е најголем по зафатнина. Понеразвиените региони сега ќе добиваат повеќе средства од поразвиените. Но, и во самите региони нема изедначеност во просперитетот на општините. Сега руралните средини ќе можат од две компоненти да влечат пари за прокети, а градовите само по една.

„За првпат, Владата подготви посебен оддел за развој на селата и од таму не можат да се користат средствата за прокети на пример на општина Битола. Тоа се наменски средства специјално предвидени за селата. Исто така уште поголем е коефициентот на средства што ќе се користат за подрачјата со специфични развојни потреби, како што е Мариово“, додава Фератоски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG