Обид за создавање поволна политичка клима и лажна слика пред меѓународната јавност за наводната подготвеност да се реши прашањето за името. Вака домашната јавност ја толкува неодамнешната изјава на претседателот Ѓорге Иванов пред генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, дека по изборите на 5 јуни ќе биде внесена нова динамика во преговорите со Грција. И шефот на македонската дипломатија изјави дека би било добро Ки-Мун да даде дополнителен придонес во поттикнување на двете страни за брзо решавање на овој проблем.
„И оваа изјава е една од серијата изговори да не се направи нешто. Тоа се тие мали ситни трикови коишто политичарите ги играат со јавноста долга низа години. Бидејќи се знае дека она што сега Македонија го предлага како додавка на главниот град е нешто што е веќе премалку и предоцна“, изјави универзитетскиот професор Денко Малески.
Сличен е и ставот на политичкиот аналитичар Насер Зибери. Според него, досегашното искуство покажало дека македонската страна не може да го реши овој комплексен проблем.
„Досегашните преговори тоа го докажуваат дека не е на повидок идеја за решавање на проблемот со името.“
Во меѓувреме, и власта и опозицијата отворено кажаа дека независно од тоа кој предлог ќе биде прифатен како заедничко прифатливо решение, тој треба да помине на референдум. Ова, пак, за екпертите е само начин да се избегне одговорноста на политичкото лидерство.
„Ако оставите на народите ќе треба барем сто години некој проблем да се реши“, вели Малески.
„Политичките партии само се обидуваат да се прикријат од одговорноста што би ја презеле за решавање на прашањето“, изјави Зибери.
Дел од граѓаните кои ги прашавме велат дека политичарите се тие кои треба да го решат тоа прашање, а не да го остават тоа на народот. Каков референдум? За што? За да им ја олесниме маката на оние што дваесет години ни ја дерат кожата?, коментира еден наш слушател.
„Ние ги бираме нив, даваме право да одлучуваат во наше име. Треба ако се храбри и патриоти да најдат консензус.“
Вашите коментари и размислувања за оваа тема можете да ги оставите во рубриката Хајд Парк. Темата е „Дали на референдум би подржале промена на името?“ Погледнете ја анкетата и коментирајте.
Тоа се тие мали ситни трикови коишто политичарите ги играат со јавноста долга низа години. Бидејќи се знае дека она што сега Македонија го предлага како додавка на главниот град е нешто што е веќе премалку и
предоцна.
„И оваа изјава е една од серијата изговори да не се направи нешто. Тоа се тие мали ситни трикови коишто политичарите ги играат со јавноста долга низа години. Бидејќи се знае дека она што сега Македонија го предлага како додавка на главниот град е нешто што е веќе премалку и предоцна“, изјави универзитетскиот професор Денко Малески.
Досегашните преговори тоа го докажуваат дека не е на повидок идеја за решавање на
проблемот со името.
Сличен е и ставот на политичкиот аналитичар Насер Зибери. Според него, досегашното искуство покажало дека македонската страна не може да го реши овој комплексен проблем.
„Досегашните преговори тоа го докажуваат дека не е на повидок идеја за решавање на проблемот со името.“
Архивска фотографија: Претседателот Иванов и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, за време на Самитот на НАТО во Лисабон на 20 ноември 2010
Во меѓувреме, и власта и опозицијата отворено кажаа дека независно од тоа кој предлог ќе биде прифатен како заедничко прифатливо решение, тој треба да помине на референдум. Ова, пак, за екпертите е само начин да се избегне одговорноста на политичкото лидерство.
„Ако оставите на народите ќе треба барем сто години некој проблем да се реши“, вели Малески.
Ако оставите на народите, ќе треба барем сто години некој проблем да се реши.