Достапни линкови

Местото на Македонија е во ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.

Интересите на ЕУ се Македонија час поскоро да стане член на Унијата и затоа сметам дека преговорите треба да започнат што побрзо поскоро - изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во Скопје.

Местото на Македонија е во ЕУ и земјата заслужува да стане нејзина членка, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан при посетата на Македонија.
Нема сомнеж дека Македонија е европска држава. Македонија заслужува да стане членка на Унијата. ЕУ се изјасни дека е заинтересирана, Македонија да стане членка на ЕУ.
Премиерот на земјата актуелен претседавач со Унијата, по средбата со неговиот македонски колега Никола Груевски, изјави дека разговорите за членство треба час поскоро да започнат, и дека со тоа нема да се наруши ниту еден интерес на Унијата.

„Прво, нема сомнеж дека Македонија е европска држава. Второ, Европа смета дека вие, врз основа на вашите достигнувања, со полно право сте кандидат за да станете член. Ако не бев доволно јасен, значи Македонија заслужува да стане членка на Унијата. И трето, што е многу важно, ЕУ се изјасни дека е заинтересирана, Македонија да стане членка на ЕУ. Тие одлуки се веќе донесени во Унијата.“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски. Орбан пристигнува во официјална посета на Македонија.

Орбан вели дека спорот за името на Грција не треба да влијае на почетокот на преговорите.

„Тоа за кое мораме да зборуваме е една неприродна состојба за која мораме искрено да зборуваме, бидејќи шест години од кога станавте земја кандидат се уште ги немате започнато преговорите. Оваа ситуација никому не му одговара. Не е моја работа да заземам став по однос на билатералните прашања што ги има Македонија со друга држава, но моја работа е да ги застапувам интересите на Европа. Интересите на ЕУ се Македонија час поскоро да стане член на
Шест години од кога станавте земја кандидат се уште ги немате започнато преговорите. Оваа ситуација никому не му одговара. Не е моја работа да заземам став по однос на билатералните прашања што ги има Македонија со друга држава, но моја работа е да ги застапувам интересите на Европа. Интересите на ЕУ се Македонија час поскоро да стане член на Унијата.
Унијата и затоа сметам дека преговорите треба да започнат час поскоро. И затоа јас како актуелен претседавач на ЕУ и како премиер на Унгарија ќе се залагам и понатаму, овие разговори да започнат час поскоро.“

Орбан вели дека нема никаква логика и причина некој да го спречува почетокот на преговорите. Сметам дека ни еден интерес на Европа нема да се наруши ако започнат преговорите за членство, Сеевропски интерес е да започнат овие преговори, вели Орбан.

Премиерот Груевски изјави дека посетата на унгарската делегација е од особена важност за земјата.

„Денешната посета претставува и силен политички сигнал дека унгарското претседателство активно се залага за продолжување на процесот на проширување на ЕУ, што за нас претставува и силен поттик за продолжување на неопходните реформи за остварување на нашата врвна стратешка цел, а тоа е полноправно членство на Република Македонија во ЕУ.“

За време на посетата на Македонија, унгарската делегација имаше средба и со претседателот Ѓорѓе Иванов, а беше потпишана и Спогодба за економска соработка меѓу двете земји.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG