Достапни линкови

Преку референдум до консензус


Одлуката на СДСМ за референдум за името е голем исчекор и најава дека на повидок е конечен консензус меѓу политичките партии, велат експертите.

Одлуката и СДСМ да одат на референдум за името е виден напредок гледајќи долгорочно. И покрај тоа што ваквата одлука е предизборна, сепак по изборите партијата ќе биде обврзана, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со другите политички актери, да седнат и да изградат единствена државна стратегија за
Елементи за договор има, тоа е крупен политички исчекор без разлика дали се искрени или не тие ќе бидат обврзани на тоа што го кажуваат сега. Долгорочно гледано имаме шанса конечно да изградиме единствена државна стратегија како што имаат и Грците.
името, велат аналитичарите.

Поранешниот министер за надворешни работи и аналитичар Слободан Чашуле вели дека СДСМ се решија и тие да го споделат ставот за референдум, откако видоа дека има цврста поддршка од граѓаните околу тоа прашање.

„Елементи за договор има, тоа е крупен политички исчекор без разлика дали се искрени или не тие ќе бидат обврзани на тоа што го кажуваат сега после изборите, така што долгорочно гледано имаме шанса конечно да изградиме единствена државна стратегија како што имаат и Грците, своја и врз основа на тоа во Европа и таму каде што се разговара за ова прашање да ја поставиме на маса и да речеме во Макеоднија неможе да се отстапи подалеку од ова.“

И СДСМ во изборната програма се обврза на референдум за името

Во предизборната програма на СДСМ, во делот за спорот за името, се наведува дека новата Влада, прашањето за спорот со Грција ќе го консултира со граѓаните преку референдум. Идентитетските прашања не може и нема да бидат предмет на какви било преговори. Ставот за референдум е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ уште од 2008 година.

Иако експлицитно од СДСМ досега не изјавиле дека се против референдум, имаа изјави во кои се повикува премиерот Груевски да преземе одговорност и да не се крие зад
Практично со тоа се потврдува некаков консензус меѓу политичките субјекти во Македонија, што значи ако се има добра волја веднаш после изборите може да се понуди некакво решение.
волјата на народот, преку референдум.

Професор Мерсел Биљали вели дека без разлика кои се причините за пресвртот на СДСМ, на повидок е консензус за името.

„Значи тоа е под влијание на предизборната кампања и изборите кои следуваат и тоа ќе биде став на кој цврсто ќе стои СДСМ, но практично со тоа се потврдува некаков консензус меѓу политичките субјекти во Македонија, што значи, ако се има добра волја, веднаш после изборите може да се понуди некакво решение и тоа набрзина да помине на референдум.“

Чашуле вели дека она што е негативно во целата работа е тоа што СДСМ кај неопределените гласачи ќе остави впечаток дека прифаќа стратегија само за да им се додовори и да го добие нивниот глас. Но, граѓаните стекнаа искуство во ситните играрии и измами и тоа ќе го казнат, вели тој.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG