Достапни линкови

Препукувања околу ДИК


За опозицијата, отпочнувањето на постапка за избор на нов претседател на ДИК е прекршување на законот, додека власта уверува дека се почитуваат прописите.

Отпочнувањето на собраниската постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија за опозицијата е грубо кршење на законот. Владејачкото мнозинство, пак, уверува дека се почитуваат сите законски прописи и се надева оти опозицијата ќе го искористи законското право да предложи свој кандидат за нов претседател на ДИК.
Ние не сме во Собранието, значи неможе и формално и фактички, значи ние сме надвор од
Собранието.

Власта ја карактеризира насилно владеење и континуирано кршење на законите во Република Македонија, вели Јани Макрадули од СДСМ и повторува дека нема да се врати во Собранието додека не се исполнат нивните четири барања.

Тоа значи дека нема да предложите кандидат?

„Ние не сме во Собранието, значи не може и формално и фактички, значи ние сме надвор од Собранието.“

Ќе се договорат ли за избори?

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека процедурата е целосно законска. Законот предвидува, во определен рок, откако ќе престане функцијата на претседателот на ДИК да почне постапка за избор на нов претседател и да се објави оглас, а партиите од опозицијата го предлагаат истиот.
Се надеваме дека во наредниот период кога ќе дојде моментот за предлагање дека опозиционите партии ќе си предложат, се друго може да го сметаме како обид за блокирање на институциите на системот.

„Се надеваме дека во наредниот период кога ќе дојде моментот за предлагање дека опозиционите партии ќе си предложат, се друго може да го сметаме како обид за блокирање на институциите на системот“, изјави Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ, член на комисијата за избори и именувања.

И од Демократската унија за интеграција оставаат простор и време на опозицијата да го достави својот предлог за наследникот на Новаковски.

„Засега не можеме да зборуваме за прекршување на закон, за тоа ќе може да се зборува дури кога ќе се бира кандидат и мислам дека до тогаш опозицијата ќе треба да го даде својот предлог“, изјави Рафиз Алити, кој не сакаше да предвиди што ќе се случи ако и по седум дена од објавувањето на конкурсот во службен весник, опозицијата не достави свој предлог кандидат.

Во меѓувреме, меѓународната јавност апелира на почитување на политичкиот дијалог и владеење на правото. Во интервју за нашето радио, францускиот амбасадор во земјава, Жан Клод Шлумберже повикува на слободни и демократски избори.

„Ако се одржат избори тие треба да бидат слободни, чесни и според широко познати критериуми. Тука навистина имам доверба во сите политички партии, дека ќе изградат еден таков систем што сите ќе го прифатат“, вели Шлумберже.

Неодамна и официјален Вашингтон изрази загриженост за состојбите во земјата, особено во делот на владеење на правото.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG