Ќе има избори, па ќе нема, де сме подготвени, де не сме. Но како и да е, едно е барем сигурно, велат експертите, доколку има избори, не очекува напнато предизборие, исполнето со тензии, а како тргнала работата не се исклучуваат и насилства. Македонија во последните неколу години живее во постојана предизборна кампања, но состојбата во државата во овој момент е до тој степен е наелектризирана, што избори само би долеале масло на оганот, велат дел од луѓето кои ние ги прашавме. Тие велат дека би било погубно да се оди на избори, партиите немаат што да им понудат на гласачите, ниту, пак, имаат резултати на кои би се повикале за повторно да добијат доверба и гласови. Но, за други, пак, токму изборите се излез од ќор-сокакот во кој се наоѓа земјата и дека само со избори може да дојде до прочистување на нечистата крв.
Опозицијата се колеба околу изборите
Предвремените избори станаа актуелна тема пред некој месец, кога опозицијата побара избори и распуштање на Парламентот. Но, барањето на опозицијата не помина. Иако тогаш СДСМ побара избори, а тоа го бараат и партиите кои заедно со Социјалдемократите излегоа од Собранието, сега истите тие велат дека избори во вакви услови какви што се, не се најпаметното решение. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, најави дека СДСМ ќе бојкотира избори што би се одржале во недемократска атмосфера.
„Кога велиме дека изборите можат да ја надминат оваа криза има еден предуслов, ако се фер и демократски, ако имаме фалсификувани избори кризата ќе стане поголема, нема да се реши, затоа мора да се создадат сите предуслови тие избори да имаат шанси да бидат фер и демократски.“
Груевски на тоа одговори дека Црвенковски бара избори, но моли бога да не се случат.
„Практично тие чекаат подолг период за да направат гужва и во таа гужва да најдат ’алиби‘ за напуштање на Парламентот и создавање на некаква парламентарна криза која ќе ја искористат за да кажат дека не само што излегуваат, туку и доколку се создадат услови за избори и тие би ги бојкотирале доколку не им се исполнат некои услови, од кои што добар дел се и неостварливи.“
Во ДУИ, коалициониот партнер на Груевски, велат дека првин опозицијата треба да се врати во Собранието, па дури потоа да се зборува за предвремени избори.
„Доколку оцениме дека сите можности се исцрпени и не се создадени услови за враќање на опозицијата тогаш ќе мора да ја разгледаме опцијата за предвремени избори. Во моментов ништо не е конечно, но исто така имам впечаток дека ништо не е исклучено“, вели Ермира Мехмети-Деваја од ДУИ.
И Нова Демократија на Селмани, која го бојкотира Собранието, бара предвремени избори, но тие да се одвиваат во слободна и фер атмосфера.
„Што побргу да одиме да предвремени избори, претходно да се направат сите неопходни подготовки за фер и слободни парламентарни избори се единственото решение за излегување од ќорсокакот во кој е влезена државата.“
Избори во овој момент би биле погубни
Меѓуетнички тензии, незадовлни лекари, земјоделци, професори, стечајци, високи цени, невработеност, сиромаштија, одалечување од ЕУ и НАТО, нерашавање на спорот за името со Грција, во една таква атмосфера, изборите би биле погубни, велат познавачите на политичките прилики во земјата. Дека на политичката сцена нешто не е во ред, призна и претседателот Ѓорѓе Иванов, кој осудувајќи го инцидентот на Кале, рече дека секогаш кога ќе се најават избори во земјата, политичката сцена зоврива.
Либералот Стојан Андов, кој неколку мандати беше на чело на Собранието, вели дека во вакви услови не може да се организираат фер и слободни избори.
„Не само што не можат да се организираат фер и демократски избори, туку изборите можат да бидат загрозени со поизразени акти на насилство од било кога до сега.“
И аналитичарот Имер Исмаили, стравува дека се можни тензии, доколку се распишат избори. Тој вели дека на идејата за предвремени избори гледа како на приватна забава на политичките елити. Исмаили вели дека на внатрешен план никогаш немало толку поделби како сега.
„Владата успеа да направи екстремен раздор во ткивото на целото општество, раздор односно непријателства создаде со СДСМ, со опозицијата, непријателства направи со Албанците, непријателство веќе подолго време ни создаде и со муслиманите и со православните во Македонија, затоа јас сум премногу песимист околу изборите, за тоа како може да се развиваат, во било кое време да се одржат, во вакви услови, претпоставуват за три, четири, пет месеци.“
Изборите излез од ќор-сокакот
Од друга страна, пак, поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека колку побрзо се случат предвремени избори, толку е подобро за државата:
„Заострувањето на состојбите во земјата и новата парламентарна криза де факто ги прават предвремените избори уште понеопходни. Мислам дека изборите треба да бидат одредена катарза кој ќе отвори пат за надминување на клучниот проблем со кој се соочуваме.“
Спроведување на фер и слободни избори, без инциденти, е еден од клучните услови за доближување на Македонија до Европската унија. А за спроведување на такви избори клучна е политичката волја, вели претседателот на ДИК Александар Новакоски. Тој вели дека партиите треба да работат повеќе на меѓусебната доверба оти само така можат да ја зголемат довербата меѓу граѓаните, а без таа доверба ќе се наруши амбиентот за организирање добри избори.
Клучот е во политичките елити, сите се ’крстат‘ во нив, дека тие можат да ја смират кризата во државата и да ја вратат на правилниот пат.
Џабир Дерала од невладината „Цивил“, кои беа едни од независните набљудувачи на изборите во минатото, вели дека власта, не треба веќе да се коцка со иднината на државата.
„Владата сериозно мора да се замисли околу последиците кои ќе произлезат од ваквото однесување, од лошите политики, од неодговорното однесување на сериозни позиции, односно сериозни институции.“
Потребни измени на изборниот законик и прочистување на списоците
Првиот човек на Државната изборна комисија вели дека треба да се донесат измените на Изборниот законик и да се подобри изборното законодавство за да се елиминираат сите забелешки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијската комисија нотирани во извештајот запретседателските и локалните избори во 2009 година.
Државната изборна комисија е подготвена за евентуални предвремени избори, но според решенијата во постојниот Изборен законик. За избори со сите нишани, како што прилегаат на земја-кандидат за влез во ЕУ, Изборниот законик треба да претрпи корекции.
„Доколку се изменат одредени одредби кои оставаа простор за недоречености, посебно околу гласањето на дијаспората, може и со постојниот изборен законик, да спроведе избори. И според моите информации, прочистувањето треба да заврши, точно е дека не е завршено прочистувањето на избирачкиот список.“
Професор Љубомир Фрчкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во најскоро време треба да се дебатира за корекциите на изборниот закон за да може да се оди на избори.
„Па со господ напред после пописот или евентуално во доцната пролет ќе излеземе на избори, зошто оваа агонија мора да заврши кај нас.“
Изминатите неколку недели речиси сите амбасадори во земјава повикаа политичката криза да се среди со дијалог, а не со избори. Но, сепак оставаат на Владата и на политичките партии да одлучат дали им е потребан авантурата, предвремени избори.
Ниту граѓаните не се за предвремени избори, барем така покажува анкетата што ја спровеле од МЦМС. Според нивното истражување, 49,7 проценти од граѓаните се против избори, 36,3 за да има предвремени избори, а 14 насто од нив одговориле со „не знам“. Истражувањето, пак, на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, покажува дека граѓаните во најмногу се плашат од меѓупартиските конфликти, навреди, кодошења и подгревања на наелектризираните политички и меѓуетнички тензии во Македонија.
Кога велиме дека изборите можат да ја надминат оваа криза има еден предуслов, ако се фер и демократски, ако имаме фалсификувани избори кризата ќе стане поголема.
Опозицијата се колеба околу изборите
Предвремените избори станаа актуелна тема пред некој месец, кога опозицијата побара избори и распуштање на Парламентот. Но, барањето на опозицијата не помина. Иако тогаш СДСМ побара избори, а тоа го бараат и партиите кои заедно со Социјалдемократите излегоа од Собранието, сега истите тие велат дека избори во вакви услови какви што се, не се најпаметното решение. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, најави дека СДСМ ќе бојкотира избори што би се одржале во недемократска атмосфера.
„Кога велиме дека изборите можат да ја надминат оваа криза има еден предуслов, ако се фер и демократски, ако имаме фалсификувани избори кризата ќе стане поголема, нема да се реши, затоа мора да се создадат сите предуслови тие избори да имаат шанси да бидат фер и демократски.“
Груевски на тоа одговори дека Црвенковски бара избори, но моли бога да не се случат.
„Практично тие чекаат подолг период за да направат гужва и во таа гужва да најдат ’алиби‘ за напуштање на Парламентот и создавање на некаква парламентарна криза која ќе ја искористат за да кажат дека не само што излегуваат, туку и доколку се создадат услови за избори и тие би ги бојкотирале доколку не им се исполнат некои услови, од кои што добар дел се и неостварливи.“
Тие чекаат подолг период за да направат гужва и во таа гужва да најдат ’алиби‘ за напуштање на Парламентот и создавање на некаква парламентарна криза која ќе ја искористат за да кажат дека не само што излегуваат, туку и доколку се создадат услови за избори и тие би ги бојкотирале.
Во ДУИ, коалициониот партнер на Груевски, велат дека првин опозицијата треба да се врати во Собранието, па дури потоа да се зборува за предвремени избори.
„Доколку оцениме дека сите можности се исцрпени и не се создадени услови за враќање на опозицијата тогаш ќе мора да ја разгледаме опцијата за предвремени избори. Во моментов ништо не е конечно, но исто така имам впечаток дека ништо не е исклучено“, вели Ермира Мехмети-Деваја од ДУИ.
И Нова Демократија на Селмани, која го бојкотира Собранието, бара предвремени избори, но тие да се одвиваат во слободна и фер атмосфера.
„Што побргу да одиме да предвремени избори, претходно да се направат сите неопходни подготовки за фер и слободни парламентарни избори се единственото решение за излегување од ќорсокакот во кој е влезена државата.“
Избори во овој момент би биле погубни
Меѓуетнички тензии, незадовлни лекари, земјоделци, професори, стечајци, високи цени, невработеност, сиромаштија, одалечување од ЕУ и НАТО, нерашавање на спорот за името со Грција, во една таква атмосфера, изборите би биле погубни, велат познавачите на политичките прилики во земјата. Дека на политичката сцена нешто не е во ред, призна и претседателот Ѓорѓе Иванов, кој осудувајќи го инцидентот на Кале, рече дека секогаш кога ќе се најават избори во земјата, политичката сцена зоврива.
Либералот Стојан Андов, кој неколку мандати беше на чело на Собранието, вели дека во вакви услови не може да се организираат фер и слободни избори.
Владата успеа да направи екстремен раздор во ткивото на целото општество, раздор односно непријателства создаде со СДСМ, со опозицијата, непријателства направи со Албанците, непријателство веќе подолго време ни создаде и со муслиманите и со православните во Македонија.
„Не само што не можат да се организираат фер и демократски избори, туку изборите можат да бидат загрозени со поизразени акти на насилство од било кога до сега.“
И аналитичарот Имер Исмаили, стравува дека се можни тензии, доколку се распишат избори. Тој вели дека на идејата за предвремени избори гледа како на приватна забава на политичките елити. Исмаили вели дека на внатрешен план никогаш немало толку поделби како сега.
„Владата успеа да направи екстремен раздор во ткивото на целото општество, раздор односно непријателства создаде со СДСМ, со опозицијата, непријателства направи со Албанците, непријателство веќе подолго време ни создаде и со муслиманите и со православните во Македонија, затоа јас сум премногу песимист околу изборите, за тоа како може да се развиваат, во било кое време да се одржат, во вакви услови, претпоставуват за три, четири, пет месеци.“
Изборите излез од ќор-сокакот
Од друга страна, пак, поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека колку побрзо се случат предвремени избори, толку е подобро за државата:
„Заострувањето на состојбите во земјата и новата парламентарна криза де факто ги прават предвремените избори уште понеопходни. Мислам дека изборите треба да бидат одредена катарза кој ќе отвори пат за надминување на клучниот проблем со кој се соочуваме.“
Спроведување на фер и слободни избори, без инциденти, е еден од клучните услови за доближување на Македонија до Европската унија. А за спроведување на такви избори клучна е политичката волја, вели претседателот на ДИК Александар Новакоски. Тој вели дека партиите треба да работат повеќе на меѓусебната доверба оти само така можат да ја зголемат довербата меѓу граѓаните, а без таа доверба ќе се наруши амбиентот за организирање добри избори.
Заострувањето на состојбите во земјата и новата парламентарна криза де факто ги прават предврмените избори уште понеопходни. Мислам дека изборите треба да бидат одредена катарза кој ќе отвори пат за надминување на клучниот проблем со кој се соочуваме.
Клучот е во политичките елити, сите се ’крстат‘ во нив, дека тие можат да ја смират кризата во државата и да ја вратат на правилниот пат.
Џабир Дерала од невладината „Цивил“, кои беа едни од независните набљудувачи на изборите во минатото, вели дека власта, не треба веќе да се коцка со иднината на државата.
„Владата сериозно мора да се замисли околу последиците кои ќе произлезат од ваквото однесување, од лошите политики, од неодговорното однесување на сериозни позиции, односно сериозни институции.“
Потребни измени на изборниот законик и прочистување на списоците
Првиот човек на Државната изборна комисија вели дека треба да се донесат измените на Изборниот законик и да се подобри изборното законодавство за да се елиминираат сите забелешки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијската комисија нотирани во извештајот за
Доколку се изменат одредени одредби кои оставаа простор за недоречености, посебно околу гласањето на дијаспората, може и со постојниот изборен законик, да спроведе избори.