Достапни линкови

САД загрижени за состојбите во Македонија


Потпретседателот на САД Џозеф Бајден
Потпретседателот на САД Џозеф Бајден

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден и американската државна секретарка Хилари Клинтон на средбите со премиерот Никола Груевски ја нагласиле важноста и изразиле загриженост за владеењето на правото, за слободата на независните медиуми и цивилното општество. Бајден и Клинтон изразиле и надеж дека Македонија и Грција ќе го решат спор со името со цел Македонија да напредува кон НАТО и да ги исполни евро-атлантските аспирации.

За тоа за што разговарале и што му рекле на средбите со македонскиот премиер Никола Груевски, потпретседателот Џо Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон, Белата Куќа и Стејт Депртментот известија речиси идентично.

Став на Белата Куќа

Во соопштението на Белата Куќа се наведува дека е разговарано за напорите на адмистрацијата за промоција на мирот, стабилноста и просперитетот во Европа. Двајцата лидери, Бајден и Груевски разговарале за политичките и економските односи меѓу САД и Македонија. Потпретседателот на САД Џозеф Бајден, како што се наведува во соопштението на Белата Куќа, ја истакнал важноста на владеењето на правото, слободата на независните медиуми и добрите меѓуетнички односи во Македонија.
Потпретседателот Бајден се заблагодари за учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан и изрази надеж дека Македонија и Грција ќе го решат долготрајниот спор за името со цел Македонија да може да се придвижи кон членството во НАТО и да ги исполни евро-атланските аспирации.

Прес конференција на Стејт Департментот

Портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули на прес конференција информираше дека американската државна секретарка се состана со премиерот на Македонија Груевски и дека разговараа за голем број билатерални и регионални прашања. Еве што за средбата изјави Кроули:




„За време на средбата, секретарката Клинтон изрази загриженост за трендовите кои се однесуваат на владеењето на правото, независните медиуми и цивилното општество. Таа исто така ја повтори нашата надеж дека Македонија и Грција ќе го решат долготрајниот спор со името со цел Македонија да напредува кон НАТО и да ги исполни евро-атланските аспирации.“

Средба на премиерот Никола Груевски и американскиот потпретседател Џо Бајден во Белата куќа

Во истовреме, државната секретарка Клинтон, рече Кроули, ја изрази нашата благодарност за продонесот на Македонија во ИСАФ во Авганистан како земја со најголемо учество по глава на жител.

Што изјави Груевски

Македонскиот премиер Груевски, пак, за домашните медиуми кои ја следат неговата посета на Вашингтон, изјави дека ставот на Соединетите Американски Држави е дека Македонија и Грција треба да го решат проблемот и дека само ние можеме да најдеме решение и не треба да очекува некој друг да ни го реши тоа прашање.
Груевски додаде дека Македонија ќе остане силно фокусирана врз решавање ова прашање поврзано со името односно како што вели, со челнството во НАТО и ЕУ. Груевски вели дека практично најголемиот дел од разговорите биле поврзани со прашањето за името.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG