Достапни линкови

Ревидирање на избирачкиот список


Претставниците на власта и претседателот на ДИК Александар Новаковски на прес конференција
Претставниците на власта и претседателот на ДИК Александар Новаковски на прес конференција

Во Државната изборна комисија велат дека се подготвени, доколку биде донесена одлука, да спроведат редовни или предвремени избори. Претставници на власта и ДИК најавија прочистување на избирачкиот список.

Претставници на владата и првиот човек на Државната изборна комисија најавија ревидирање на избирачкиот список. Со проверката на регистрираните гласачи ќе се придонесе кон потранспарентно спроведување на изборите, се согласуваат владините претставници и експертите. Сепак, останува отворено прашањето дали има доволно политичка волја за до крај да се прочисти листата на гласачи, која е субјект на критика по речиси сите избори во изминативе неколку години.

Џемаил Сеити, екс-министер за локална самоуправа и
Морам да кажам дека ДИК ќе спроведе евентуални предвремени избори распишани од Собранието или наредни редовни избори.
некогашен член на Државната изборна комисија, ја објаснува важноста од прочистувањето на избирачкиот список:

„Со тоа ќе има поголема доверба во резултатите за да имаме порегуларни избори, а сепак од друга страна значи дека граѓаните би биле посигурни во однос на нивните избирачки места и во однос на тоа дека ќе има помалку манипулации во текот на гласањето.“

Според Сеити, овој проблем веќе избесно време е актуелен, но до сега немао политичка волја за изнаоѓање на соодветно решение:
Добро, сите партии начелно се залагаат за фер и демократски избори, меѓутоа оваа проблематика се отвара од неколку влади, но за жал досега немаше некоја изразена политичка воља за затварање на ова прашање. Останува да се надеваме дека овој пат ќе биде во ред.
Министерот за правда Михајло Маневски

„Добро, сите партии начелно се залагаат за фер и демократски избори, меѓутоа оваа проблематика се отвара од неколку влади, управувани од неколку политички партии главно од двете главни политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, значи во неколку наврати се отвараше ова прашање, но за жал досега немаше некоја изразена политичка воља за затварање на ова прашање. Останува да се надеваме дека овој пат ќе биде во ред.“

Проверката на записите во избирачкиот список веќе е во тек. Министерот за правда Михајло Маневски посочи дека на овој список до сега биле пронајдени 1.123 дупли записи на матични броеви. Се проверуваат и евиденциите на починатите лица, како и податоците на лицата кои се иселиле од Македонија. Вицепремиерот Васко Наумовски не одговори дали во земјава ќе се одржуваат предвремени избори.

„Прашањето за евентуални предвремени избори е прашање за коешто одлука треба да донесе Собранието и веројатно таму би го добиле најпрецизниот одговор на ова прашање.“

Првиот човек на Државната изборна комисија Александар Новаковски посочи дека институцијата е подготвена за избори:

„Морам да кажам дека ДИК ќе спроведе евентуални предвремени избори распишани од Собранието или наредни редовни избори.“

Инаку, по речиси секои избори во последнио време, странските организации ја истакнуваат потребата од ревидирање на избирачкиот список, поради тоа што, според груби проценки, меѓу двата милиони жители на земјава, еден милион и осумстотини имаат право на глас.
XS
SM
MD
LG