Различни се оценките во политичките партии дали и кога би се одржале предвремени избори по барањето кое вчера го испостави СДСМ за самораспуштање на Парламентот, доколку Македонија во ноември не ја искористи можноста за зачленување во НАТО. Изборите ќе зависат од тоа дали ќе има решение за спорот за името, вели Владо Бучковски:
„Тоа значи, доколку во ноември се распушти парламентот изборите би биле на почетокот на идната година.“
Партиски став и на опозициската ЛДП е дека приоритет во активностите на опозицијата е да се понудат политички алтернативи на владата. Но, од оваа партија изразуваат сомнеж дека опозицијата може да ја оствари планираната цел преку предвремени избори:
„Меѓутоа јас навистина не можам да ја разберам идејата што ја кажа СДСМ за предвремени избори, ако се имаат во предвид овие анкети коишто излегуваат, а мораме да признаеме дека ИРИ со голема точност и прецизност ги одредувала добиените места на парламентарните избори“, изјави Роза Топузова Каровска од ЛДП.
Инаку, како можен термин за оваа опција која и претходно се споменуваше, според неа е идната пролет со оглед дека во ноември има уште еден рок поврзан со самитот на НАТО. Цел на секоја опозиција е да има предвремни избори, но не може да се каже дали се создадени услови за такво нешто, оценуваат во коалицискиот партнер на владата ДУИ. Сафет Незири изјавидека ќе чекаат до ноември и дека не може однапред да се предвидуваат нештата, но нагласува дека приоритет за земјата се и економијата и социјалните теми:
„Не би требало на Македонија да и биде приоритет предвремени избори, заради тоа што многу нешта, многу работи ја чекаат Македонија во овој временски период, особено за евроатлантските интеграцијии и решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција.“
Денеска во владата неколку министри и претседателот на ДИК разговараа околу ажурирањето на избирачкиот список. Во политичките партии велат дека тоа се редовни активности на Изборната комисија со оглед на барањата и на ОДИХР за пречистување на избирачкиот список.
Тоа значи доколку во ноември се распушти парламентот изборите би биле на почетокот на идната година.
„Тоа значи, доколку во ноември се распушти парламентот изборите би биле на почетокот на идната година.“
Партиски став и на опозициската ЛДП е дека приоритет во активностите на опозицијата е да се понудат политички алтернативи на владата. Но, од оваа партија изразуваат сомнеж дека опозицијата може да ја оствари планираната цел преку предвремени избори:
„Меѓутоа јас навистина не можам да ја разберам идејата што ја кажа СДСМ за предвремени избори, ако се имаат во предвид овие анкети коишто излегуваат, а мораме да признаеме дека ИРИ со голема точност и прецизност ги одредувала добиените места на парламентарните избори“, изјави Роза Топузова Каровска од ЛДП.
Инаку, како можен термин за оваа опција која и претходно се споменуваше, според неа е идната пролет со оглед дека во ноември има уште еден рок поврзан со самитот на НАТО. Цел на секоја опозиција е да има предвремни избори, но не може да се каже дали се создадени услови за такво нешто, оценуваат во коалицискиот партнер на владата ДУИ. Сафет Незири изјави
Меѓутоа јас навистина неможам да ја разберам идејата што ја кажа СДСМ за предвремени избори, ако се имаат во предвид овие анкети коишто излегуваат.
Владините претставници на денешната прес конференција не одговорија дали се планираат предвремени избори