Достапни линкови

Груевски бил изложен на притисоци и закани


Музичар свири на зурла пред почетокот на прославата за 20-тата годишнина на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
Музичар свири на зурла пред почетокот на прославата за 20-тата годишнина на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Доколку дојде до решавање на спорот со името, ВМРО ДПМНЕ ќе распише референдум, порача Премиерот Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да тргува со интересите на сопствениот народ, со било кого или со било што, порача премиерот Никола Груевски во своето обраќање на прославата по повод 20-годишнината од формирањето на партијата што ја предводи.

Доколку дојде до решавање на спорот, ВМРО-ДПМНЕ ќе распише референдум. Ова е прашање што треба да се реши со разум. Истовремено, јасно порачуваме дека нема да дозволиме да ни го земат тоа што е наше. Не се откажуваме од влезот во НАТО и ЕУ и не се откажуваме од реформите, истакна Груевски на роденденската прослава на партијата во центарот на Скопје.

Премиерот Никола Груевски за спорот за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

По повод дведецениското постоење на владејачката партија, на прославата што се одржува под мотото „За татковината се работи - 20 години ВМРО-ДПМНЕ“, говореа и Владо Транталовски, еден од основачите на партијата и Хенри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје.

Беа присутни членови на партијата и на Владата, претставници од други политички партии - коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалници од нејзините редови.

Граѓаните реагираа на сообраќајниот метеж

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ два дена порано го прослави својот 20-ти роденден. Иако, првично беше предвидено прославата да се одржи на стадионот Филип Втори, сепак таа под мотото за „Татковината се работи - 20 години ВМРО-ДПМНЕ“ се одржа на една од најфрекфентните сообраќајници во Скопје. Поради ова случување, од град Скопје најавија дека променет сообраќајниот режим во центарот на главниот град. Таксистите се жалат дека со промени на сообраќајниот режим и ваквиот начин на прослава се создава само дополнителен хаос во градот.

„По мене не е во ред, затоа што не не оставаат, не само нас, туку и сите деловни луѓе да работат.“

„Не е во ред. И така е хаос во Скопје, посебно кога има такви блокади, се нервираат и патниците и ние, не е добро.“

Граѓаните се жалат дека во последно време блокираните улици и промената на сообраќајниот режим се честа појава.
Колона автомобили на улица во Скопје

„Нормална работа е тоа веќе, и со штрајковите. Ништо ново, веќе стана секојдневие.“

„Роденден нека си прават слободно, нека изнајмат некоја сала и нека слават три дена и три ноќи, никој не им брани, а да кочиш улица, сообраќај поради роденден не е фер. Да е на татко ми па не оди, а не на некој друг.“

Од Министертвото за внатрешни работи велат дека промената на сообраќајниот режим е од безбедносни причини. Во партијата велат дека се очекува голема посетеност на одбележувањето на годишнината од основањето.

Дел од граѓаните со кои што поразговаравме малку и се пошегуваа за роденденот.

„Во игротека ќе го прават роденденот.“

„Ќе им ги истегнеме ушите.“

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје. На првите парламентарни избори во Македонија партијата на чело со првиот лидер Љубчо Герогиевски освои најмногу пратенички места - 38. Сепак, тогаш беше формирана таканаречена експертска влада на чело со премиерот Никола Кљусев, кој подоцна стана член на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, кога оваа партија беше на власт по победата на изборите во 1998 година. Поради забелешки за нерегуларности, партијата ги бојкотираше парламентарните избори во 1994, а на оние во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 49 места во Собранието и заедно со партнерите од коалицијата „За промени“ ја формира Владата што ја предводеше Љубчо Георгиевски. По поразот на изборите од 2002 година, ВМРО-ДПМНЕ предводена од новиот лидер Никола Груевски победи на редовните избори во 2006 година и на предвремените избори кои се одржаа две години подоцна.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG