Политичките тензии пораснаа, откако во името на партијата Кареска на прес, го повика Ристески јавно да одговори дали е точно дека тендерите во износ од 1,5 милион евра за изградба и внатрешно уредување на новата Градска куќа ги добила градежна фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ, на чија сметка само последните две години биле префрлени над 1,1 милион евра, а за возврат на тоа, градоначалникот на подарок добил стан во Скопје и дуќан во комплексот ФИЛИП 2-ри во Прилеп.
На овие и ред други прашања, градоначалникот Ристески одговори со приватна тужба која како што повторно го обвини СДСМ ја поднел во судот во придужба на „целата партиска свита„: актуелни пратеници, претседателот на општинскиот совет, локални фунцкионери, директори на основни училишта...
,,Дали сакавте да му покажате на судот со кого си има работа, дали вакво поднесување, повторувам на приватна тужба, спектакуларно со тв камери и партиски луѓе, не претставува ли притисок врз судот и судиите? Се прашуваме како и кои средства понатаму ќе ги употребувате за да го убедите судот дека треба да суди некого, кој само поставува прашања до јавните функционери, кои и онака тоа треба да го прават тоа транспарентно !"
Повторно праша Илија Јованоски, лидерот на општинската СДСМ. На ова, градоначалникот Ристески со одговор:
,,Кај пишува дека има забрана да не бидат други. Значи со кој би ја поднесувал тужбата тоа е мое лично право."
Беше дециден градоначалникот. Ристески им порачува на прилепските сдсмовци, дека не треба да се плашат од исходот на тужбата. Како што рече доколку ги имаат аргументите треба со песна да одат на суд. За да се разјаснат сите вистини и јавноста да има целосен увид, опозициониот лидер пак Јованоски го повика својот политички ривал, градоначалникот Ристески на тв дуел, а при тоа му порача:
,,Со поднесување на тужби нема да го оттргнете нашето внимание од овие прашања, а ниту вниманието на прилепчани кои бараат одговор и отчет за што се трошат нивните пари, кои фирми ги добиваат тендерите и под какви услови! Немојте да се залажувате дека со оваа тужба ќе заплашите некого, а најмалку нас во СДСМ!"
рече лидерот на општината СДСМ, Јованоски. После ова Ристески со реплика:
,,Господине Јованоски, не верувам дека навистина сте исплашен од оваа „ненародна власт„ како што ја нарекувате, бидејќи тоа чувство преовлада кај вас пред локалните избори кога можевме директно да се соочиме. Имате уште една шанса за соочување, но сега пред независното судство, доколку вие го прочитате истиот текст како и Кареска. Тогаш нема да ве поштедиме, туку ќе добиете по една пријава од секој член на т.н свита. Во спротивно понатаму, секоја помисла на вас ќе биде изгубено време, за нас како политичка партија и за мене лично како градоначалник."
Прилепскиот градоначалник Ристески најави и дека во иднина Локалната самоуправа нема да одговара на прашањата на СДСМ, практика која што ја именува како „квискотека„. Туку како што рече ќе се фокусираат на агендата на Локалната самоуправа за решавање на проблемите на граѓаните. Ристески додаде и дека нема да се дозволат натаму тешки клевети врз локалните функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали сакавте да му покажате на судот со кого си има работа, дали вакво поднесување, повторувам на приватна тужба, спектакуларно со тв камери и партиски луѓе, не претставува ли притисок врз судот и судиите?