Достапни линкови

Преглед на печатот


Надмудрувањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу евентуални предвремени избори, заземаат главен простор во дневните печатени изданија.

Ако во минатонеделниот преглед на дневниот печат констатиравме дека меѓуетничките тензии се најподатливата тема, по која се заборава на сите други секојдневни проблеми, во овој преглед ќе кажеме: спомни избори и ќе се заборават дури и меѓуетничките тензии. Покрај некои вестулиња за вриежот во северноафриканските држави, особено во Либија, во домашните медиуми цела недела наназад доминира „надмудрувањето“ помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните лидери околу прашањето ќе има или ќе нема вонредни парламентарни избори.

„Груевски го вика Црвенковски на избори во април“, насловува Утрински; „СДСМ не отстапува од барањата за деблокирање на А1 и за пречистување на избирачкиот список“, повторно Утрински; „Увертира во конечна пресметка за изборите“- Дневник; „Црвенковски ем бара ем одбива избори“ - повторно Дневник; „Предвремени избори-Секој со свое сценарио“ Нова
Предвремени избори-Секој со свое сценарио.
Македонија; „Со Бранко или без Бранко одиме на избори!“, го цитира Вечер, Никола Груевски; „Бранко ќе бојкотира, СДСМ ќе зависи од Велија“ - повторно Вечер; „Црвенковски одговори на предлогот на Груевски - одиме на избори, но под чии услови?“ - Време; „Името ќе замрзне, Скопје 2014 ќе цути“ - пак Време, предвидувајќи ги темите во предизборието; „Името ќе го заменат ’слобода‘ и ’демократија‘ и ’Скопје 2014‘“ - Нова Македонија;

А во меѓувреме, Утрински пишува дека економијата ќе биде на стенд-бај додека не завршат изборите, затоа што странските инвеститори ќе чекаат да се стабилизира политичката состојба, но дека гласањето ќе не спасело и од нов струен удар за да не се изгубеле политичките поени.
Црвенковски ем бара ем одбива
избори.


Изборите ја поттикнале Нова Македонија да пишува за „Тајната врска помеѓу парите и изборите“, наведувајќи дека кај нас изборите се процес во кој за краток период од два месеца се вртат од 10 до 15 милиони евра. Медиумите ја пренесоа и веста дека претседателот на ДИК, Новаковски поднесол оставка на својата функција, а Вечер, од свои извори ’дознава‘ дека тоа го сторил наводно по налог на Црвенковски.

Време ја пренесе информацијата дека премиерот Груевски немал време да се поздрави со евроамбасадорот Фуере, кому му завршува службата во земјава, а таму некаде меѓу ’изборните вести‘, скриена ја забележавме и информацијата која кажува колку државата се грижи за едукација и контрола на производителите на земјоделски и градинарски производи: хемикалии што се забранети во светот се' уште се користат за заштита на виновата лоза во Тиквешко. Значи, грозјето што го јадеме и виното што го пиеме... не треба ни да кажуваме со што се полни.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG