Достапни линкови

Никој не попушта


Власта и опозицијата никако да се „разберат“ околу изборите. Опозицијата не се појави на координативната средба кај претседателот на Собранието Вељаноски.

Опозицијата остана на ставот да не доаѓа, а координативната средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се одржа со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. На поканата што им беше испратена беше наведено дека треба да се разгледуваат прашања за основање на парламентарна комисија за утврдување на состојбите во избирачкиот список, измени и дополнувања во изборниот законик, според препораките на ОБСЕ и ОДИХР и дополнување на законот за Судскиот совет, согласно препораките на ЕУ. Истите точки ќе бидат на дневен ред на продолежнието на координативната средба што Вељаноски го закажа за петок оваа недела
Немам намера да отстапам од повиците за остварување на дијалог и разрешување на оние спорни прашања чие единствено и вистинско место за разрешување е токму Собранието
:

„Немам намера да отстапам од повиците за остварување на дијалог и разрешување на оние спорни прашања чие единствено и вистинско место за разрешување е токму Собранието, изјави Велјановски.
Опозицијата не се појави на денешната координативна средба кај Вељановски


Тој не прецизираше дали овие три прашања ќе бидат ставени на дневен ред на некоја од наредните собраниски седници, доколку опозицијата продолжи да не доаѓа на координациите.

Инаку до Собранието се доставени работни текстови на изборниот законик во кој се вградени препораките на ОБСЕ како и на законот за Судскиот совет согласно препораките од извештајот на ЕУ. Според одлуката што е донесена на координативната средба се планира да се формира комисија од 10 члена што во рок од 7 дена ќе ги разгледува состојбите со избирачкиот список. Ова, како што рече, Вељаноски се дел од барањата кои опозицијата ги постави за да го прекине бојкотот.

Но, во опозицијата велат дека нивните услови не биле на дневен ред и повторија
Ние рековме дека за да почнат преговори ќе треба да се деблокира сметката на А1 ТВ, тоа беше првиот услов за да почнеме да преговараме за другите барања, за усогласување на ставовите околу изборниот законик и избирачкиот
список.
дека премиерот ги отфрлил условите за деблокада на сметакат на А1 и рамномерна распеределба во сите медиуми на парите од реклами на владата:

„Ние рековме дека за да почнат преговори ќе треба да се деблокира сметката на А1 ТВ, тоа беше првиот услов за да почнеме да преговараме за другите барања, за усогласување на ставовите околу изборниот законик и избирачкиот список“, изјави Тито Петковски од НСДП.

Во Нова Демократија, која го бојкотира Собранието, побараа од владејачките партии да го прекинат пописниот процес за април, да донесат одлука за отстранување на проектот црква-музеј на Кале и да ги запрат уставните промени додека не се постигне меѓуетнички консензус за имлементирање на Бадинтер во Уставниот суд, Судскиот совет и носењето на буџетот:

„Доколку власта продолжи да ги игнорира, тогаш Нова демократија дефинитивно ќе сфати дека самата влада има интерес од меѓуетнички и меѓурелигиски заострувања“, изјави Флора Кадриу.

На ставот на опозицијата, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека од петте барања Груевски понудил решенија за четири, што според нив покажува дека Црвенковски блефира дека сака избори. Во ДУИ, каде побараа брзи избори, сметаат дека избори треба да има кога власта и опозицијата ќе го обноват политичкиот дијалог.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG