Од канцеларијата на Европската комисија во Скопје велат дека прашањето за изборите и нивното спроведување е нешто на што треба да одговорат домашните власти. Сепак, делегацијата на Европската унија во земјава, апелира дека ова прашање не смее да ги наруши тековните реформи кои се клучни за спроведување на евроинтергративниот процес на Република Македонија.
Меѓународната заедница би можела да прифати и такви избори доколку политичката оценка е преодна, вели политичкиот аналитичар Здравко Савески. Тој сепак потенцира дека основните меѓународни стандарди за спроведување на изборите мора да се почитуваат.
„Ставот на меѓународната заедница многу често не се темели на проценката на изборите на чисто правни критериуми, значи може да се добие и преодна оценка ако таква е политичката оценка на меѓународната заедница дури и за избори кои имаат во себе одредени недостатоци и се случувало дури и во нашата историја тоа“, изјави Савески.
Но, тој се сомнева дека владејачката партија би отишла на избори без опозицијата.
„Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се одважи на спроведување на избори на кои опозицијата не би учествувала. Опозицијата, бидејќи таа бараше предвремени избори, не е политички опортуно да оди на картата на бојкот на изборите.“
Според професор Јонус Абдулау, пак, прашање е колку е опозицијата вистински подготвена за избори. Тој вели дека во овој момент многу поважно е функционирањето на државните институции и враќањето на опозицијата во законодавниот дом.
„Без опозиција воопшто не можеме да мислиме за функционирање на еден законодовен дом. Двете страни сега купуваат време и народот е тој кој плаќа данок.“
Дали евентуалното одржување на избори би значело одложување на планираниот попис во април? Од СДСМ вчера соопштија дека нема потреба да се проблематизира одржувањето на овој процес и оти временскиот роковник што тие го поставија овозможува да се одржи и пописот во предвидениот рок. Аналитичарите советуваат дека, иако спроведувањето на пописот е технички процес, сепак не е препорачливо за една млада демократија и двата процеса да се спроведуваат во истиот период.
Ставот на меѓународната заедница многу често не се темели на проценката на изборите на чисто правни критериуми, значи може да се добие и преодна оценка ако таква е политичката оценка на меѓународната
заедница.
Меѓународната заедница би можела да прифати и такви избори доколку политичката оценка е преодна, вели политичкиот аналитичар Здравко Савески. Тој сепак потенцира дека основните меѓународни стандарди за спроведување на изборите мора да се почитуваат.
„Ставот на меѓународната заедница многу често не се темели на проценката на изборите на чисто правни критериуми, значи може да се добие и преодна оценка ако таква е политичката оценка на меѓународната заедница дури и за избори кои имаат во себе одредени недостатоци и се случувало дури и во нашата историја тоа“, изјави Савески.
Но, тој се сомнева дека владејачката партија би отишла на избори без опозицијата.
Без опозиција воопшто неможеме да мислиме за функционирање на еден законодовен дом. Двете страни сега купуваат време и народот е тој кој плаќа данок