Најпосле светло на крајот од тунелот. Избори да, ама во јуни. Ова е пораката од прес-конференцијата на СДСМ која пред малку заврши со звуците на песната „Пада влада“(Паѓа владата) и громогласни скандирања за предвремени избори.
„Господине Груевски, ја поздравувам вашата одлука конечно да се одважите и да го прифатите нашето барање за предвремени парламентарни избори. Предвремени парламентарни избори треба и мора да има, но во истовреме, не било какви, туку само фер и демократски“, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Според СДСМ, сите пет услови кои што ги дефинирале за враќање во Собранието се легитимни и логични, но тие сепак се откажаа од последното барање кое што се однесуваше на тргнување на министерот за правда Михајло Маневски од судскиот совет. СДСМ достави предлог план со временски рокови за нивно враќање во Парламентот. Според нивните проценки, сите процедури треба да завршат најдоцна до јуни и тогаш да бидат распишани предвремени избори.
По повикот на премиерот Груевски, опозицијата да се врати во парламентот и веднаш да се распишат предвремени избори, откако претходно ќе бидат изгласани измените во Законот за избори, засега нема реакција од владејачката ДУИ, иако неколкупати досега оваа партија јасно кажа дека не сака избори пред да се реши прашањето за името. Од ДУИ најавија дека ќе се одржи состанок на Централното Претседателство вечерва во 18 часот по што ќе го кажат својот став.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопштија дека Ахмети се согласил со ваквата одлука на Груевски и оти неговиот вчерашен настап бил од позиција на премиер, а не како лидер на партија.
Во меѓувреме се огласи и НСДП. Лидерот Тито Петковски изјави дека за нив е прифатлив предизвикот за предвремени избори, но само ако се исполнат барањата на опозицијата.
Предвремени парламентарни избори треба и мора да има, но во истовреме, не било какви, туку само фер и демократски.