„Црква на верата во кавга - производство на судири во функција на власта“, вознемирено го насловува Глобус своето најново издание, во кое главната тема се токму случувањата на скопското Кале, пред една недела. Целата политика се сведува на едно бескрајно гниење во кое само власта би останала здрава, продолжува неделникот, за да констатира дека самиот чин на уништување на црквичето на Калето е тревожен чин и делува навистина непријатно, но како и во безброј други случаи, се поставува прашањето кои други инструменти стојат на располагање ако се сака да се спречи невидената агресија на власта, која не почитува ништо и никого освен својот луд наум, која ги има окупирано сите институции до мерка кога тие престануваат да бидатинституции на општеството туку се претворени во центри против општеството, резигнирано пишува Глобус. Неделникот смета дека акцијата на Калето, исто така има за цел да го крене рејтингот на ДУИ, да се растажат малку Македонците кои во таа жестокост треба да заборават на катастрофалните ефекти на преродбата и спасот од наводната албанска наезда повторно да го побараат кај Груевски.
За насилствата на Калето, Фокус објавува текст од Мирјана Најчевска, правен експерт и еминентен активист за човекови права. Најчевска наведува десетина потези на премиерот и на други претставници на власта во врска со овој случај, со кои ги прекршиле Уставот и повеќе закони на оваа држава и смета дека поради тоа тие можат да бидат обвинети за разгорување на национална и верска омраза! Една група насилници, составена од градоначалник, заменик министер и високи државни функционери сруши објект што го градеше друга група насилници, составена од премиер, министер и други високи функционери. Обете страни ги поврзува само едно - сласта за власт. Станува збор за вандализам и насилништво кои се промовираат, штитат и изведуваат од страна и со помош на власта, констатира Најчевска во Фокус.
Форум ја анализира фактичката криза во владината коалиција, која најочебијно се покажа со тепачката на Скопското кале. „Крвави глави за избори!“, извикува во насловот авторот на текстот, за да забележи дека некако се добива впечаток дека барајќи решение за тензиите на Калето, владините партнери бараат модел за предвремени избори. Но останува прашањето со колку раскрвавени глави ќе го преживееме следниот споменик, забележува неделникот. Во истиот текст, Форум објавува и краток разговор со Ермира Мехмети од ДУИ која смета дека е време ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали е за соживот и сугерира дека треба да се воспостави дијалог помеѓу владините партнери за политики кои се однесуваат на соживотот, ја цитира Форум, Ермира Мехмети.