Достапни линкови

Пораки од Вашингтон - реакции од Македонија


САД изразија загриженост за владеењето на правото, за слободата на медиумите и за меѓуетничките односи. Пораките на Вашингтон, според експертите треба се се разберат сериозно.


Што рекоа американците?


Потпретседателот на САД Џозеф Бајден и американската државна секретарка Хилари Клинтон на средбите со премиерот Никола Груевски ја нагласиле важноста и изразиле загриженост за владеењето на правото, за слободата на независните медиуми и цивилното општество. Бајден и Клинтон изразиле и надеж дека Македонија и Грција ќе го решат спор со името со цел Македонија да напредува кон НАТО и да ги исполни евро-атлантските аспирации.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека е разговарано за политичките и економските односи меѓу САД и Македонија. Потпретседателот на САД Џозеф Бајден, како што се наведува во соопштението од Белата куќа, ја истакнал важноста на владеењето на правото, слободата на независните медиуми и добрите меѓуетнички односи во Македонија.
Потпретседателот Бајден се заблагодари за учеството на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан и изрази надеж дека Македонија и Грција ќе го решат долготрајниот спор за името со цел Македонија да може да се придвижи кон членството во НАТО.

Портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули, пак, на прес-конференција за средбата Клинтон-Груевски изјави:


„Секретарката Клинтон изрази загриженост за трендовите кои се однесуваат на владеењето на правото, независните медиуми и цивилното општество. Таа исто така ја повтори нашата надеж дека Македонија и Грција ќе го решат долготрајниот спор со името со цел Македонија да напредува кон НАТО и да ги исполни евро-атланските аспирации.“

Реакциии на експерти и опозицијата

Според опозицијата и експертите, со одрекување на пораките кои на власта и се испорачани во Вашингтон, нема напредок..
Извори од Социјалдемократскиот сојуз велат дека пораките се блиску до најострите, по што може да следи само исклучување од меѓународните дипломатски кругови. Загриженоста според истите, значи дека државата не стои во место, туку назадува во однос на реформите. Опозицијата критикува дека пораките кои допираат до власта, таа ги одрекува, со оглед на тоа што секоја порака е проследена со толкување кое нејзе и одговара.

По средбата, најмногу загрижена треба да биде Македонија, апелира поранешниот дипломат Махи Несими.

„Тоа претставува аларм не само за владата туку едно сериозно освестување и на самиот народ, на населението.“

Премиерот Никола Груевски, пак, претходно за домашните медиуми кои ја следат неговата посета на Вашингтон, изјави дека ставот на Соединетите Американски Држави е дека Македонија и Грција треба да го решат проблемот и дека само ние можеме да најдеме решение и не треба да очекува некој друг да ни го реши тоа
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG