Македонците во Либија се во рацете на соседните и на државите од поблиското опкружување. Во Министерството за надворешни работи имаат информации дека има македонски државјани во градовите Триполи и Бенгази во Либија, но комуникацијата е отежната поради тоа што се отсечени средствата за комуникација во таа земја.
Портпаролот на Министерството Борче Стамов вели дека внимателно се следи состојбата и е формирана група која работи конкретно на случувањата во Либија.
„За жал не располагаме со точна бројка за тоа колку македонски граѓани се наоѓаат во Либија, меѓутоа воспоставивме контакти со амбасадите и министерствата за надворешни работи на повеќе земји кои организираат транспорт на нивните граѓани и начелно е договорена помош при извлекувањето на нивните граѓани да се помогне и на нашите државјани.“
„Србија, Турција, Бугарија, Италија и Хрватска“, вели Стамов.
Во Министерството информираат дека се работи за градежни работници. Работниците веројатно работат таму преку странски фирми. Во синдикатот за градежништво и во здружението за градежништво во Стопанската комора велат дека немаат податоци дека македонска градежна фирма работи во Либија.
Во Клубот за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб при Сопанската комора на Македонија не знаат колку македонски фирми работат во Либија, зашто во земјава не постои официјален регистар на македонски фирми што работат во странство. Претседателот на клубот Васко Костојчиновски вели дека нема податоци дали воопшто има Македонци во Либија. Стопанската комора има еден претставник таму, но тој досега немал проблеми, вели Костојчиновски.
„Имаме претставник на Стопанската комора со кој што комунициравме, меѓутоа сега заради овие пречки на интернет мрежата потешко го добиваме. Рече дека нема проблеми.“
Министерството за надворешни работи издаде препорака македонските граѓани, во наредниот период да избегнуваат патување во Либија, поради насилните протести и демонстрации што се одржуваат на целата територија на таа држава, како и можностите за нивно продолжување и ескалирање.
Како што се наведува во соопштението од МНР, има информации дека во реоните на Бенгази, Ај Бејда, Дерна, Тобурк и Ал Марж контролата е преземена од страна на локалните власти, кои се противат на владеачкиот режим. Патувањето кон главниот град Триполи по копно е ризично и не се препорачува без сигурносни мерки. Во Триполи, состојбата се влошува и постои опасност од терористички напади, вклучително и на реоните во кои живеат или се посетуваат од странци.
Поради големата веројатноста властите во Либија да воведат ограничување на движењето, МНР им препорачува на сите затекнати македонски граѓани во таа земја, доколку е можно да ја напуштат државата со редовните летови кон Европа. На македонските граѓани затекнати во реонот на Бенгази и градовите од источната страна на Либија, им се препорачува по можност да не ги напуштаат своите домови.
Во моментов, аеродромот во Бенгази останува затворен, поради што се бараат други можности за евакуација, се вели во соопштението од МНР.
Помош за Македонците во Либија
Министерството за надворешни работи формира координативно тело за евакуација на македонските државјани во Либија, кое 24 часа ќе биде на располагање за давање насоки, совети, информации и прибирање податоци за затекнатите македонски граѓани во оваа земја.
МНР овозможи 24-часовна врска само за прашањата поврзани со Либија на телефоните (00389) 75 268 736, (00389) 71 855 955, (00389) 75 446 609, 02/ 311 0322 и 02/ 3110 333 и на е-маил адресите libija@mfa.gov.mk. mailmnr@mfa.gov.mk.
За жал не располагаме со точна бројка за тоа колку македонски граѓани се наоѓаат во Либија, меѓутоа воспоставивме контакти со амбасадите и министерствата за надворешни работи на повеќе земји кои организираат транспорт на нивните граѓани и начелно е договорена помош при извлекувањето на нивните граѓани да се помогне и на нашите државјани.
Портпаролот на Министерството Борче Стамов вели дека внимателно се следи состојбата и е формирана група која работи конкретно на случувањата во Либија.
„За жал не располагаме со точна бројка за тоа колку македонски граѓани се наоѓаат во Либија, меѓутоа воспоставивме контакти со амбасадите и министерствата за надворешни работи на повеќе земји кои организираат транспорт на нивните граѓани и начелно е договорена помош при извлекувањето на нивните граѓани да се помогне и на нашите државјани.“
Со кои земји?
„Србија, Турција, Бугарија, Италија и Хрватска“, вели Стамов.
Во Министерството информираат дека се работи за градежни работници. Работниците веројатно работат таму преку странски фирми. Во синдикатот за градежништво и во здружението за градежништво во Стопанската комора велат дека немаат податоци дека македонска градежна фирма работи во Либија.
Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и либискиот лидер Моамер Гадафи во 1975. Македонските работници често работеа во неврзаната Либија, со која Југослваија одржуваше добри односи