Сеим ал Ислам Гадафи во телевизиското обраќање изјави дека либиската влада до последен човек ќе се бори против народниот револт.
Сепак, тој во исто време вети дијалог за покренување реформи во земјата и за зголемување на платите.
„Либија не е Египет. Се состои од племиња и од кланови. Секој си ги знае должностите. Либија не е општество со партии. Тоа може да предизвика граѓанска војна. Либија има нафта што ја обединува земјата.“
До неговото обраќање дојде откако во главниот град Триполи имаше најсериозни протести во 42-годишното владеење на Моамер ел Гадафи.
Според некои новински агенции, во текот на изминатата ноќ во Триполи се слушале истрели, а претходно полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите.
Некои од нив, како што се додава, фрлале камења врз билбордите со сликата на Гадафи, што претставува вистински преседан во поновата
Либија не е Египет. Се состои од племиња и од кланови. Секој си ги знае должностите. Либија не е општество со партии. Тоа може да предизвика граѓанска војна.
Некои аналитичари сугерираа дека во Либија не е можно да дојде до ширење на националниот револт како во Тунис и Египет бидејќи, како што оценуваат, режимот на Гадафи бил способен да го употреби нафтеното богатство за да ги реши социјалните проблеми.
Противниците на Гадафи, како што се додава, ги употребиле социјалните медиуми за да упатат повик за народни протести инспирирани од сличните такви настани во соседните Египет и Тунис.
Ширењето на немирите во Триполи претставува значаен удар врз обидот на либискиот лидер Гадафи да ги задржи протестите само на истокот на земјата.
Во меѓувреме, во градот Бенгази во источниот дел на земјата, припадници на една единица на либиската армија соопштија дека пребегнале и оти го ослободиле вториот најголем град во земјата.
Во извештаите се додава дека демонстрантите је презеле контролата врз поголемиот дел на Бенгази и оти владините згради се ограбени и запалени. Забележани се и првите официјални напуштања од режимот на Гадафи. Станува збор за амбасадорите на Либија во Арапската лига и во Индија, кои поднесоа оставки како знак на протест против одлуката на владата да стрела врз демонстрантите во Бенгази.
Во Вашингтон, портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули изјави дека Соединетите Држави силно им забележуваат на либиските власти за употребата на оружје против демонстрантите.
Хјуман Рајтс Воч соопшти дека во досегашните петдневни протести во Либија загинале најмалку 220 луѓе.
Во меѓувреме, официјални претставници соопштија дека стотици Либијци нападнале градилиште на една јужнокорејска фирма при што имало десетина повредени. Се уште не е јасно дали дали нападот бил во врска со немирите.