Достапни линкови

Нестабилноста, нов статус кво во светот


Крај на стабилноста. Под овој наслов американскиот весник Вол Стрит Џурнал објавува анализа за тоа колку технологиите како Твитер и Фејсбук ја менуваат политичката стабилност во состојба на постојана нестабилност во светот.

Стабилноста е цел на цивилизираната политика уште од почетокот на Студената војна, но и од Виенскиот конгрес во 1815 година на која беше поставена рамката на меѓународните односи.

Стабилноста, онаква каква што ја знаеме, е постигната барем додека политичките лидери не развијат подобро разбирање од она што го покажаа за време на настаните во Египет, наведува Вол Стрит Џурнал и додава:


„Човекот кој ги стави чуварите на националната безбедност во сегашната шокирачка ситуација, евидентна оваа недела на улиците на Каиро, а пред тоа и на Тунис, а уште пред тоа на американските ноемвриски избори, е Вилијем Шокли, односно физичарот кој го измисли транзисторот. Тоа беше замена за вакуумските сијалици кои дотогаш беа централен дел на сите електонски уреди.

Транзисторот всушност ги овозможи Твитер, Ејпл, Фејсбук, Мајкрософт, океанот апликации и бескрајната бура на информации што сите нас, вклучувајќи ги и политичарите, не дува како лисја. Зошто некој мисли дека во еден таков свет Хосни Мубарак може да ја зачува стабилноста со методи од 1981 година?
Овој нов свет на информации сега создава постојана нестабилност во поранешните стабилни политички аранжмани. Тој уништува се што ќе допре. Ја скрши целата музичка индустрија и тоа истото сега им го прави на етаблираните политички
системи.


Поентата не е уште еднаш да се расправа дали информатичката и комуникациска технологија предизвика уште една обоена револуција. Ниту пак за употребата на моќта на оваа технологија во овозможувањето демократски реформи. Поентата е да се објасни што е тоа што ни се случува пред нашите очи.

Овој нов свет на информации сега создава постојана нестабилност во поранешните стабилни политички аранжмани. Тој уништува се што ќе допре. Ја скрши целата музичка индустрија и тоа истото сега им го прави на етаблираните политички системи.

Еве како тоа функционира. Во 2007 година во Египет беше осуден блогерот Карим Амер на 4 години затвор за навреда на претседателот. Пред десет години Ахмед едноставно ќе исчезнеше без оглед на жалбите на неговото семејство. Но сега не е така. Амер стана икона на репресивниот политички систем. За неговата судбина преку интернет можат да разговараат илјадници луѓе. Египет го прекина целиот интернет, и што од тоа.

Ниедна држава не може да го запре засекогаш. Самата египетска влада е одговорна за ширењето на интерентот со што што овозможи евтини компјутери. Туниските автократи ја поврзаа својата нација од над 10 милиони и во земјата има скоро два милиона интеренет корисници. Пред информатичката технологија да ја достигне критичната маса немаше никакви шанси Тунис, Египет, Јемен и Јордан да експлодираат во серија.


Од друга страна, се уште е нејасно како политичките системи треба да и се прилагодат на се поголемата популација која преку интеренет е скоро секогаш ангажирана. Дали еден од одговорите може да биде: избори и што е алтернативата?

Сета нова политичка енергија што ја ослободија малите транзистори на Шокли мора да оди некаде. Дали таа ќе се влева во исцрпувачките канали на организираната политика, или како жешка лава ќе тече на улиците. Иран оди по трет пат: постојани егзекуции. Но, ваквата средновековна технологија нема да победи.

Нестабилноста е новиот статус кво. А, како и секогаш, политичарите тоа ќе го забележат последни. Во поствоениот период, стабилноста беше план А.

Време е попаметните луѓе во јавниот живот, од Ријад до Вашингтон, да почнат да размислува за план Б, се заклучува во текстот објавен во весникот Вол Стрит Џурнал.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG