Достапни линкови

Судири за и против Мубарак


Во центарот на Каиро на плоштадот Тахрир и денеска истрели од огнено оружје. Продолжуваат насилствата меѓу анти-владините демонстранти и приврзаниците на Претседателот Ходни Мубарак додека војската се обидува да ги раздвои. САД повикаа на прекин на насилствата и почеток на процесот на промени во Египет.

Како што јавуваат медиумите, насилствата во Каиро продолжуваат. Од телевизиските снимки се гледа дека денеска војниците започнале да апсат луѓе во центарот на Каиро и да ги раздвојат двете групи.
Анти-владините демонстранти обвинија дека всушност се нападнати од полицајци во цивилна облека. Опозицискиот лидер Мохамед Ел Барадеј ја повика армијата да интервенира и да го запре насилството.


Стејт Департментот соопшти дека американскиот пратеник Виснер се состанал со Претседателот Мубарак и со генералот Сулејман и на средбите било побарано виновниците да бидат казнети. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави:

„Пораката е дека насилството што го гледаме мора да запре и кој било и па владата ако стои зад тоа. Транзицијата за која зборувавме да почне веднаш.“

Неколку лица во судирите меѓу анти-владините демонстранти и приврзаниците на Претседателот Хосни Мубарак загинале, а повеќе од 600 се ранети. Про-владините активисти ги нападнаа анти-владините демонстранти со камшици. Двете страни се каменуваа, дојде до тепачки и до употреба на огнено оружје.

Ерупција на судирите во Каиро
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00
Директен линк


Насилството изби еден ден откако актуелниот претседател Хосни Мубарак изјави дека ќе остапи од функцијата во септември, кога ќе му истече мандатот.

„Времето за транзиција е дојдено и тоа време се сега. Египќаните имаат потреба да видат промена. Ние мислиме дека во транзицијата мора да е вклучена опозицијата. Партиите мора да се вклучат во процесот кој треба да доведе до слободни и фер избори“, изјави портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс.

Претседателот Хосни Мубарак вчера изјави дека ќе остане на својата функција до изборите во септември. Опозициското Муслиманско братство соопшти дека за нив нема друга алтернатива освен Мубарак веднаш да поднесе оставка од функцијата. Опозицијата најави масовни протести и во петок.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG