По информациите кои излегоа деновиве дека измените во законот за радиодифузија се поистоветуваат со закон во други земји, кој може да биде лош и со него да се контролираат медиумите, во Советот за радиодифузија велат дека клучно е да се води сметка да не се загуби независноста на медиумите и да не се наруши или ослабне позицијата на радиодифузниот Совет. Претседателот на Советот, Зоран Стефаноски образложи дека уредувачката политика треба да остане работа на самите медиуми, а потсети и дека Советот е регулатор кој е избран според најдемократски правила меѓу повеќето земји во Европа. Поентата на законот како што кажа треба да биде во тоа независноста на Советот за радиодифузија да се зголеми, а не да се доведе во прашање:
,,Не знам кој што ќе се обиде да направи, јас знам што ние ќе спречиме. Може да се менува бројот, може да се менуваат овластените предлагачи, но никако не доаѓа во предвид да некоја институција предлага како што во случајот беше кажано владата или собранието, да предлагаат дел од нашите членови, никако тоа не смеаат да го прават центрите на политичка моќ и тоа е и поентата на целата оваа независност. Таа независност треба само да се зголеми со овој закон што сега го носат, а никако да се доведе во прашање“, изјави Стефановски во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
Минстерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој рече дека нема ограничување на медиумите во новиот закон за радиодифузна дејност, посочи дека во изготвувањето не се користи унгарски терк. Законот нема да го смени постојниот систем за избор на членови на Советот за радиодифузија образложи министерот. Законот се уште се наоѓа во работнаверзија и податоците што дојдоа во јавноста се записници од средбите на работната комисија. Јанакиески кажа дека драфт верзијата се уште не е готова и дека нема потреба од негативни критики за закон кој не е готов.
За измените експертите немаат поголем увид, освен што тие се достапни на интернет.
„И оваа првична реакција на стручната јавност и на засегнатите страни покажува дека не е доволно работниот текст да биде достапен, туку потребно е токму институциите кои се задолжени да го направат целиот процес на донесување на новиот закон да биде што подемократски и да имаат една поосмислена низа на целисходни активности“, рече Климе Бабунски, додавајќи дека е важно и да се изготват стандардизирани прашалници во кои ќе се даваат оценки што е лошо во досегашниот закон и што треба да се менува.
Основната цел зошто се менува законот е имплементација на европските директиви. За нацрт законот ќе има минимум еден месец расправа и тој најмалку два пати ќе биде испратен до Европската унија. Законот мора да биде донесен од Собранието до септември годинава. Законодавецот кај нас се одлучи да го земе хрватското искуство како модел по кој ќе се работи. Стефаноски од Советот за радиодифузија рече дека измените треба да се прилагодат на нашите потреби.
Не знам кој што ќе се обиде да направи, јас знам што ние ќе спречиме. Може да се менува бројот, може да се менуваат овластените предлагачи, но никако не доаѓа во предвид да некоја институција предлага како што во случајот беше кажано владата или собранието, да предлагаат дел од нашите членови, никако тоа не смеаат да го прават центрите на политичка моќ.
,,Не знам кој што ќе се обиде да направи, јас знам што ние ќе спречиме. Може да се менува бројот, може да се менуваат овластените предлагачи, но никако не доаѓа во предвид да некоја институција предлага како што во случајот беше кажано владата или собранието, да предлагаат дел од нашите членови, никако тоа не смеаат да го прават центрите на политичка моќ и тоа е и поентата на целата оваа независност. Таа независност треба само да се зголеми со овој закон што сега го носат, а никако да се доведе во прашање“, изјави Стефановски во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
Минстерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој рече дека нема ограничување на медиумите во новиот закон за радиодифузна дејност, посочи дека во изготвувањето не се користи унгарски терк. Законот нема да го смени постојниот систем за избор на членови на Советот за радиодифузија образложи министерот. Законот се уште се наоѓа во работна
Не е доволно работниот текст да биде достапен, туку потребно е токму институциите кои се задолжени да го направат целиот процес на донесување на новиот закон.