Достапни линкови

А1 згаснува?


Сериозен удар врз демократијата и постапка која говори дека во случајот има и други мотиви - коментари за блокирањето на сметката на А1 од страна на власта.

Секој обид за затворање на медиум е сериозен удар врз демократијата, слободата на медиумите и говорот како основни човекови права. Ваквата реакција од Македонскиот институт за медиуми следи по вчерашното блокирање на сметката на првата приватна телевизија во земјата. По ова, се доведува во прашање и натамошното излегување на дневните весници Време, Шпиц и Коха е ре.
Упатуваме апел до институциите кои се надлежни да постапуваат во однос на спроведувањето на оваа постапка, да направат се што можат во рамки на законите за да овозможат непречено функционирање на овие четири медиуми


,,Свесни сме дека се води постапка за сомнежи за повреда на законот од страна на сопственикот на А1, но упатуваме апел до институциите кои се надлежни да постапуваат во однос на спроведувањето на оваа постапка, да направат се што можат во рамки на законите за да овозможат непречено функционирање на овие четири медиуми."

Новинарите на А1 пред владата во знак на протест поради блокирањето на сметката
изјави Билјана Петковска, директорка во МИМ.
Бараме од државните институции да не бидат селективни во спроведувањето на законите особено кога се работи за ситуацијата во медиумскиот простор. Ако веќе се определиле за најригиден начин на решавање на наталожените проблеми тогаш бараме истиот принцип да се спроведе секаде каде што има индиции дека се кршат правата од работен однос во смисла на неплаќање на данок на цела плата, пензиско осигурување, давање на плата во кеш, во бонови или каде што не се пријавени медиумските работници. Во спротивно ќе се докаже дека покрај законската основа, во прашање се и други причини за делување на институциите, соопштија од самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници.

,,Затворањето на медиум не е исто како што е затворањето на ,,гранапче".
Наша намера не е да замолкнеме и убеден сум дека овој инструмент кон кој посегна власта е само обид да се замолкне нашата, односно работата на новинарите и ништо друго во овој момент
Медиумот, но и оние кои тргнуваат на него имаат одговорност за отчет кон јавноста."

изјави претседателот на самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис.
Од А1 велат дека ќе ја продолжат битката за слободата на говорот и демократијата. Во наредните денови ќе продолжат да емитуваат програма од пред Владата.

Отворено студио на А1 пред влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00


,,Наша намера не е да замолкнеме и убеден сум дека овој инструмент кон кој посегна власта е само обид да се замолкне нашата, односно работата на новинарите и ништо друго во овој момент."

изјави Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник на А1.
Чадиковски вели дека меѓународните претставници во земјава постојано се јавувале и се интересирале за развојот на настаните во телевизијата. Никој од владата досега не побарал средба со претставници на телевизијата. Синоќа владата излезе со соопштение во кое се вели дека цитирам: “протестот пред објектот на Владата кој го организираа група на лица вработени во компании коишто имаат седиште на улица ,,Перо Наков ББ" кои компании се дел од предмет кој е во судска постапка и на кои компании се однесува судската одлука, е несоодветен и беспредметен. Тоа е манипулација и злоупотреба на општествената позиција, со претходно проектирана цел за нанесување на штета на имиџот на Владата, во функција на остварување на лични и политички интереси на поединци и партии”, стои во соопштението.
Инаку она што е затворот Шутка како притвор за обвинетите во случајот ,,Пајажина", блокираната сметка, значи мерка притвор за А1 како правно лице. Вака сликовито правните експерти ги објаснуваат последните случувања во телевизијата. Според законот, со блокирана сметка А1 може да работи до 45 дена. Ако во тој временски рок, не се подмират побарувањата и сметката остане блокирана, се отвара стечајна постапка.

,,Значи ако побаруваат од надвор повеќе од она што го има како фирма, како пари, во тој случај неможе да се подмири и во тој случај се ликвидира фирмата. Ако може да се плати долгот, се плаќа долгот и фирмата излегува од стечај и продолжува да работи."

објаснува правниот експерт Драге Јовановски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG