Во сенката на случувањата во ТВ А1 и во услови на меѓусебни конфронтации, обвинувања и омаловажувања, новинарската фела, овој викенд, ќе направи втор обид да избере претседател на својата асоцијација. Со непосредно гласање новинарите ке избираат меѓу најмалку петмина кандидати, но не се исклучени и други самономинации. Нивната изборна кампања, од непосредни промоции, лобирања, се префрли на Фејсбук со ниско ниво на (не)културна дебата, како и лични дисквалификации меѓу новинарите. И социјалните сајтови ја потврдија длабочината на медиумската криза, нерегуларноста во сопственичките односи, недефинирани односи помеѓу газдите, уредничкиот менеџмент и новинарската слобода. Ова го констатира и Хелсиншки комитет.
,,Неможеме да останеме слепи на она што ни се случува во континуитет, тоа почна со издавање на списоци на подобни и неподобни новинари, до неверојатна контрола не само на уредувачката политиката, туку и на финансискиот колач."
Кажа Христо Ивановски новинар коментатор и член на Хелсиншки.
Слободан Чашуле е долгодоишен новинар и политичар, од позиција на пензионер вели дека нема слобода на новинарската мисла и статус без егзистенцијален минимум и социјална стабилност. Тој вели, со сегашните плати новинарите:
,,Неможат да преживеаат и тука се наоѓаме во една ситуација во која немаштија, сиромаштија, немање на пазар, непоимање на вредноста на медиумите, немање финансиска независност, па после доаѓаме до отуѓените центри на моќ, олигархијата што стои зад нив."
На изборното собрание на новинарската асоциијација и предходеше формирањето новинарски синдикат. Двајца од неколуминта кандидати за нов новинарски лидер Назим Рашиди од ББС и Насер Селмани од Вест велат.
,,Една од слабостите е што новинарите не се занимаваат со нивните слабости. Нивната слабост е нивниот статус, а друга слабост што е нотирана од меѓународниот фактор, се притисоците."
,,Основна слабост според мене е изгубената доверба. Новинарите меѓусебе не си веруваат и затоа ова здружение што сега го имаме, е речиси невлијателно."
,,Навистина ни треба здраво здружение кое што овие четири години се реанимира."
Рече и Мира Костиќ, досегашен член на раководството на ЗНМ и можен иден претседател на здружението.
Неможеме да останеме слепи на она што ни се случува во континуитет, тоа почна со издавање на списоци на подобни и неподобни новинари, до неверојатна контрола не само на уредувачката политиката, туку и на финансискиот колач