Достапни линкови

Притисоци врз медиумите


Македонија бележи пад од 34 на 68 место според слободата на печатот. Во политичките притисоци се гледа причината за лошата состојба на медиумскиот пазар.

Нема услови за развој на независно новинарство, медиумскиот пазар е уништен, а едукативниот е етички систем комплетно разнишани. Ваква е сликата за македонското новинарство и во очите на јавноста. За само една година, наместо напредок во оваа област, земјава покажува пад од 34 на 68 место според индексот на Слободата на печатот на Репортери без граници.

Како се доведовме во оваа ситуација? Главниот и одговорен уредник на Дневник, Сашо Кокаланов вели дека власта е оној чинител кој го креира целокупниот демократски амбиент, а токму таа создаде како што вели стерилни медиуми.
Се разбира тоа се правеше со прилично примитивни методи како што е на пример, коалицирање со газдите на медиумите или пак буквално ,,истурање" на пари во рекламни кампањи во одредени медиуми


„Се разбира тоа се правеше со прилично примитивни методи како што е на пример, коалицирање со газдите на медиумите или пак буквално ’истурање‘ на пари во рекламни кампањи во одредени медиуми, сето тоа го проблематизираше нормалното пазарно функционирање на медумите.“

Медиумите под влијание на политичките центри на моќ?
Разочараност од состојбата во медиумскиот простор покажуваат и пратениците. Од владејачката ДУИ велат дека во земјава владее криза на моралниот вредносен систем.

„Дневниот печат стана контаминирање на јавното мислење, се поминуваа сите граници, сите можни линии“, изјави Џеват Адеми од ДУИ.

Според Андреј Жерновски од Либерално-демократската партија не треба да не изненадува дека во претстајниот извештај од Европската Комисија треба да очекуваме критики за состојбата во медиумите.
Кај нас е прилично загрозена состојбата на медиумите, не е тајна дека тие во најголема мерка се контролирани од политичките центри на моќ.


„Кај нас е прилично загрозена состојбата на медиумите, не е тајна дека тие во најголема мерка се контролирани од политичките центри на моќ.“

Извештајот на ’Репортери без граници’ укажува на партиските влијанија врз работата на медиумите и нивната економска контролираност од фирмите коишто се рекламираат.
Но, состојбата во македонските медиуми никогаш не била розова, вели комуникологот Климе Бабунски.

„Побројни, во секој случај, се оние показатели кои зборуваат за ограничување и притисок врз медиумите, отколку оние кои што зборуваат за ослободување или поместување на постоечките граници на слободата на изразување“, изјави Бабунски.

Според него, состојбата се влошува и поради фактот што веќе подолго време јавниот радиодифузен сервис работи во сенка на политичката власт, а речиси и нема приватен медиум кој не е поврзан со одредена партиска или политичка фигура.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG