Достапни линкови

Притисоци врз новинарите


Експертите велат дека механизмите на заштита на новинарите од притисоци, мора да се бараат во силно Здружение на новинари и Синдикат.

Газда, работодавач, закон, синдикат. Се чини дека дел од сопствениците на приватни медиуми во земјава ги вршат сите овие улоги, а новинарите се жалат дека ваквиот однос е на нивна штета. Деновиве се актуелизираше опуштањето на осуммина новинари од приватната телевизија „Канал 5“. Долгогодишниот новинар и уредник во телевизијата Весна Ковачевска Трпчевска јавно се побуни против одлуката,
Бидејќи она што денеска се случува на овие новинари, утре ќе може да им се случи на други новинари ...
обвинувајќи го сопственикот на медиумот за политичка обоеност. Од тука, повторно се актуелизира прашањето дали новинарите во македонските медиуми се заштитени од, меѓу другото, и политички влијанија. Директорката на Македонскиот институт за Медиуми Биљана Петковска вели дека со случајот на отпуштените новинари, повторно се актуелизира потребата за основање на ефикасни здруженија зад кои ќе застанат сите новинари:

,,Бидејќи она што денеска се случува на овие новинари, утре ќе може да им се случи на други новинари. Така што мора да се застане под итно зад реформите на новинарите, мора да се поддржи неговата мисија, да се учествува во дефинирањето не неговите акти, со цел во иднина да може утре уште пофункционално да дејствува во вакви ситуации, и под итно да се формира Синдикат.“

Сепак, останува отворено прашањето што може да стори новинарот откако сопственикот на медиумот ќе одлучи, од било кои причини, да го прекине работниот однос? Дали новинарот е оставен сам на себе да ја
Новинарите мора да чувствуваат правна сигурност кога влегуваат во такви спорови ...
бара правдата по судовите за кои Европската комисија забележува дека се неефикасни? Петковска потсетува дека главниот и одговорен уредник мора да посредува меѓу сопственикот и новинарите, пракса која не се применува во македонските јавни гласила:

,,Новинарите мора да чувствуваат правна сигурност кога влегуваат во такви спорови. Правна сигурност од аспект на тоа дека случувањата од исходот нема да влијаат врз нивната понатамошна работа и тие нема да останат без егзистенција. Нема потреба новинарите да стапуваат во комуникација со газдадата, за тоа постои главниот и одговорен уредник, тој си ја сноси одговорноста.“

Влијанијата врз слободата на говорот и врз новинарите се присутни во секое општество, смета комуникологот Сеад Џигал и додава:

,,Тука има еден битен фактор, а тоа се сопствениците и економските субјекти во општеството, кои што секогаш според логиката на медиумскиот пазар и на тоа како функционираат медиумите, се заинтересирани да имаат влијание врз самите медиуми и врз работата на новинарите. Значи од нив неможе да се очекува некој однапред конструктивен однос, тие секогаш, нивните интереси наложуваат одреден вид на рефлексија на своите интереси врз работата на медиумите.“
XS
SM
MD
LG