„Побарајте ме подоцна на седница сум“... „Морам да прашам, засега немам информација“... „Не би можел да ви одговорам на тоа прашање“. Вака најчесто завршуваат обидите на новинарите да „ископат“ вест повеќе од Владата. Како по некое непишано правило сите досегашни владејачки гарнитури на почеток од својот мандат се многу поотворени во конмуникацијата со медумите. Но, како се соочуваат со се поделикатини прашања, така нивна нетрансрентност станува манир на владеење.
„Сите влади на почетокот од својот мандат се потрансперанти отколку на крајот. Сите Влади на почетокот имаат автентична желба да комуницираат со медиумите, но кон крајот на мандатот дали поради квалитетот на владеењето или поради замор, престануваат да бидат транспарентни“, вели Петар Арсовски, комуниколог.
Со ваквата констатција не се согласува владиниот гласноговорник Мартин Мартоновски, иако е јавна тајна дека Владата често знае да прави селекција кој медиум или новинар да ќе брифира.
„Владата во еден континуитет, редовно, времено и квалитетно ја информира јавноста она што е делокруг на нејзиното работење. Се трудиме максимално навреме да се излезе во пресрет на барањата на новинарите да се добие информација.“
Иако во Македонија има добра легислативна рамка за пристап до информации. Тоа што недоставува е култура на комуникација. Во таа насока, владините институции многу често си играат криенка со новинарите. Новинарот Зоран Иванов, кој во времето додека Бранко Црвенковскои беше премиер, ја извршуваше функцијата на портпарол, вели дека многу често добивал критики на негова адреса иако се обидувал да им излезе во пресрет на своите колеги.
„Новинарската љубопитност секогаш оди во насока дали има нешто што во Владата се подтотвува, се „крчка“, што се вели со новинарски речник, а не се објавува во јавноста. Основно е да не почувствуваат во ниту еден момент дека не им ја зборувам вистината и мислам дека од тој аспект јас успеав релативно добро да си ја завршам својата улога.“
Комуникологот Сеад Џигал, оценува дека има одреден напредок во отвореноста на владата не само кон медиумите туку и кон граѓаните.
„Се уште постои проблем во двонасочноста на таа отвореност. Значи кога Владата и тие институции сакаат да упатат пораки, тогаш за нив секогаш се комуникациските канали и медиумите отворени, но тука постои и една друга димензија, а тоа е тогаш кога медиумите бараат информација од владата, од институциите тоа не е исто ниво“, вели Џигал.
Сите влади на почетокот од својот мандат се потрансперанти отколку на крајот.
„Сите влади на почетокот од својот мандат се потрансперанти отколку на крајот. Сите Влади на почетокот имаат автентична желба да комуницираат со медиумите, но кон крајот на мандатот дали поради квалитетот на владеењето или поради замор, престануваат да бидат транспарентни“, вели Петар Арсовски, комуниколог.
Со ваквата констатција не се согласува владиниот гласноговорник Мартин Мартоновски, иако е јавна тајна дека Владата често знае да прави селекција кој медиум или новинар да ќе брифира.
Се трудиме максимално навреме да се излезе во пресрет на барањата на новинарите да се добие
информација.