Достапни линкови

Како да се толкуваат медиумските пораки


„Унапредување на медиумската писменост во образованието“ е насловен проектот на Македонскиот институт за медиуми и Холандската амбасада. Целта е да е едуцираат младите во основното и средното образование како да ги толкуваат медиумските пораки.

Во свет на влијателни слики, звуци, текстови и голем број на медиуми се појавува потреба од критичко восприемање на информациите. Целта на проектот насловен како „Унапредување на медиумската писменост во образованието“ е да се едуцираат младите во основното и средното образование како да ги толкуваат медиумските пораки. Холандската амбасадорка Симоне Филипини вели дека има мноштво информации кои доаѓаат од медиумите, но оти тоа не секогаш значи дека ја имате вистинската информација.
Во мојата професија морам да ги следам сите медуми и можам да ви кажам дека не е лесна работа да разберам што се случува, да бидам доволно критична, во однос на информациите што ги добивам и ми треба цел тим за да ми помогне да разберам што се случува во оваа земја.


„Во мојата професија морам да ги следам сите медуми и можам да ви кажам дека не е лесна работа да разберам што се случува, да бидам доволно критична, во однос на информациите што ги добивам и ми треба цел тим за да ми помогне да разберам што се случува во оваа земја.“

Раководителот на проектот, Весна Никодиновска од Македонскиот институт за медуми вели дека со забрзаниот напредок на информациско-комуникациските технологии, луѓето стануваат зависни од медиумите.
Весници

„Значи, медиумската писменост всушност е алатка, начин што ни го овозможува тоа. Тоа е способност да се анализира, да се интерпретира и да се изгради сопствено мислење од илјадници пораки кои што не „бомбардираат“ од различни медиумски извори.“

Експертот за нови медиуми, Зоран Ричлиев вели дека во последниве неколку години со појавата на интерактивните медиуми се менуваат и правилата. Сега читателите не се пасивни воспримачи на информации туку стануваат дел од
Треба да се следат трендовите. Ние имаме една „предност“. Предноста е што заостануваме зад светот неколку години, значи ние примерите можеме да ги видиме.
медиумите. Тој смета дека се случува генерациски јаз во самите медуми и се појавува потреба од едукација, посебно на луѓето кои не се пораснати во ова „Фејсбук-време“. Неопходно е да се адаптираат медуимите спрема новата генерација на читатели, вели тој.

,,Треба да се следат трендовите. Ние имаме една „предност“. Предноста е што заостануваме зад светот неколку години, значи ние примерите можеме да ги видиме, не постои копирање на тие методи, но многу лесно можеме да видиме кон каде одат работите. На CNN не се случува да поминат 30 минути, а да не споменат Twitter, а во Македoнија може цел да гледате Телевизија, а никој да не го спомене.“

Македонскиот институт за медиуми во соработка со Европскиот центар за новинарство во Холандија, Институтот за демократија и Бирото за развој на образование во рамките напроектот издадоа Прирачник за наставници за изучување на медуимска писменост во наставата по мајчин јазик. Во тек се и обуки на 1200 наставници од средно и основно образование кои ќе бидат оспособени за да ги пренесат знањата од областа на медиумската писменост.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG