Достапни линкови

Апел до OОН да ги штити новинарите во светот


Повеќе од 70 новинари ги загубија животите во 2009 година додека ја извршуваа својата работа. Тоа се наведува во најновиот годишен извештај на Комитетот за заштита на новинарите кој деновиве апелираше до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун повеќе да се ангажира во одбрана на слободата на изразување.

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека 2009 година беше најкрвавата година за новинарите во целиот свет, како и рекордна година по бројот на уапсени или притворени новинари. Според ова меѓународно тело, само во Иран, лани беа уапсени над деведесет новинари, од кои педесетина се уште се наоѓаат во затвор. Заменик директорот на Комитетот, Роберт Maхони вели дека иранските власти станале вешти во користење на интернет страниците како Фејсбук и Твитер:

„Иранската влада сега го користи Фејсбук за откривање дисиденти и новинари и за фалсификување на нивните податоци за да види кои им се пријатели. Технологијата со која треба да се ослободи печатот се користи против новинарите.“

Според Мазиар Бахари, дописник на Њусвик, кој минатата година беше притворен и четири месеци мина во затвор во Иран по уличните протести што избувнаа по спорните претседателски избори во јуни, вели дека иранските власти праваат се за да ги спречат новинарите да работат за странски медиуми:
Би сакал генералниот секретар да заземе поагресивен и поцврст став во одбрана на слободата на изразување. Прашањата од оваа сфера се основен столб на демократијата...

„Иранските власти, особено Револуционерната гарда, иако се уште го немаат донесено законот, сметаат дека работата за медиумите надвор од Иран претставува кривично дело. Значи, секој кој работи за Гласот на Америка, Би Би Си, или Радио Фарда може да биде обвинет за шпионажа. А сите знаеме која е казната за тоа.“

Вели Бахири. Комитетот за заштита на новинарите ги повика владите да ја почитуваат слободата на изразување:

„Веруваме дека со постојаното застапување во име на новинарите, и со изнесувањето во јавност на нивната состојба, обезбедуваме ниту една жртва на репресивните влади да не остане анонимна.“

Махони е уверен дека за постигнување на таа цел може многу да се направи во соработка со Обединетите нации за кои, како што изјави, главен мандат им е да ги промоворираат човековите права.

„Би сакал генералниот секретар да заземе поагресивен и поцврст став во одбрана на слободата на изразување. Прашањата од оваа сфера се основен столб на демократијата.“

Изјави Заменик директорот на Комитетот за заштита на новинарите Роберт Maхони.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG