Бура реакции во јавноста предизвика објавувањето на текстот во ,,Вечер“ во кој се тврди дека Грција ги плаќа своите, а Македонија свои новинари за да поминел грчкиот предлог за името. Се објави подолг список имиња на новинари кои, наводно биле исплатувани од двата, како што пишува весникот, кратера - Фондацијата Сорос и Дијалози за Македонија, што ги организираше Кабинетот на Црвенковски додека беше претседател на државата. Здружението на новинари на Македонија, чија реакција ја објавија речиси сите медиуми критички настроени кон власта и кон ,,Вечер“ кој важи за провладин весник, ова го потсетува на времињата на најцрниот тоталитаризам и дека новинарството станува алатка во рацете на бескрупулозни пропагандисти кои преку медиумите се пресметуваат со неистомислениците или критичарите на владејачката гарнитура.
Сателитскиот канал А2 Телевизија организираше неколку дебати во кои преовладаа мислењата на оние учесници - експерти и новинари дека причината за оваа појава е писмото што неодамна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски го испрати до своето членство во кое го повикува на конечна пресметка со сите оние што се против владејачката партија.
Визната либерализација ја регистрираа сите домашни медиуми, заедно со скептицизмот на граѓаните (,,Време,, и телевизиите А1 и Алфа, на пример) дека за патување во Европа покрај биометрискиот пасош се потребни и пари. Силните реакции особено кај албанската експертска јавност во земјава, што ги објавија главно критички настроените медиуми кон власта, предизвика и веста дека МАНУ ќе ги пушти во продажба илјада и 700-те останати примероци од контроверзната прва македонска енциклопедија.
Тешките времиња за македонската економија ги третираат ,,Утрински“ ,,Време“ ,,Дневник“ и ,,Нова Македонија“ како и некои телевизии, кои информираат за илјадниците блокирани фирми од страна на УЈП поради неплатени даноци, поради што околу 11 илјади семејства за Нова Година нема да добијат плата, како и за отпуштањето на 180 работници што за по празниците го најави Макстил.
Речиси сите печатени медиуми го регистрираа почетокот на собраниската расправа за новиот буџет на државава. ,,За власта буџетот е развоен, за опозицијата - расипнички“ е насловот во ,,Нова Македонија“ додека ,,Време“ пишува дека новиот буџет бил дочекан на нож од опозиционите партии во Парламентот. Овој дневен весник информира дека ЛДП најавила обвинение за кршење на Законот за буџет, пренесувајќи ги обвинувањата до министерот Ставрески дека, како претставник на Владата, бил невидено арогантен со тоа што ги одбил сите 300 предложени амандмани. ,,Ќе работиме само за парно и струја“ објавува „Време“ по најавите дека струјата ќе поскапи за 10 насто, а за парното допрва ќе се дознае.
Сите медиуми исто така ја објавија веста од Италија дека судот ја прифатил тужбата на Пандев против матичниот клуб ,,Лацио“ и оти тој веќе во зимскиот преоден период ќеможе да преговара и да се пресели во друг фудбалски клуб.

Ќе работиме само за парно и струја, пишува весникот „Време“