Повеќе меѓународни институции реагираа за минатонеделниот инцидент во првата приватна телевизија во земјава.
Од Меѓународната федерација на новинари велат дека се загрижени за минатонеделните случувања во А1 телевизија и препорачуваат правилно постапување на надлежните институции. Ваквите инциденти, во кои новинарите се спречени во извршувањето на нивните професионални задачи предизвикуваат длабвиока загриженост, вели Оливер Маникурл, заменик – генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари:
,,Исто така треба да има јасна транспарентност за сопственоста и прашањата за сопственоста на медиумите. Како и да е, властите имаат обврска да се однесуваат на одговорен начин и да не провоцираат ситуации во кои самите новинари се ставаат на фронтот во истраги кои се поврзани со нивнитесопственици."
Но, дали надлежните правилно реагираа? Министерството за внатрешни работи преку соопштение ги охрабрува граѓаните да ја тужат приватната телевизија. „Министерството апелира доколку граѓаните сакаат да го изразат својот револт на демократски начин и во свое лично име да побараат санкции за однесувањето на А1 Телевизија истото да го сторат до надлежните институции повикувајќи се на следните законски и уставни одредби“, се наведува во соопштението од Министерството. Запрашан за ова, Маникурл одговара:
,,Сметам дека сите треба да се повлечат и никој не треба да биде охрабруван да прави било што. Треба да има соодветна истрага за фактите на случајот. Во истрагата треба да бидат вклучени сведоштва од сите страни за тоа што се случило и само на тој начин ќе може да се утврдат правилностите и неправилностите."
По инцидентот во четвртокот реагираа повеќе институции.
Меѓународната ОБСЕ соопшти дека многу е важно да се утврдат фактите, и сите засегнати страни, вклучувајќи ги владата, финансиските институции и медиумите, да продолжат со разумен и смирен дијалог.
„Треба да постојат соодветни услови за сите, и за новинарите и за властите, за да можат професионално да ја извршуваат својата работа“ се наведува во соопштението од ОБСЕ.
Како што јавуваат медиумите, Брисел се заинтересирал за случувањата во А1 телевизија и за слободата на медиумите во Македонија. Пратеникот Влатко Ѓорчев наводно одговорил со напад на евроамбасадорот Ерван Фуере. Тоа фрлило сенка на првобитното прашање, констатираат дописниците. Ова е одговорот на европратениците:
,,Вашиот премиер ве одбрани вас и се повика на слобода на изразување. Постои строга разлика, посебно кога се напаѓаат дипломати, посебно оние дипломати кои и помогнаа на Вашата земја да се најде на вистинскиот пат." реагираше евродипломатот Шацимаркакис.
Инаку, слободата на медиумите и слободата на изразување беше една од најекспонираните забелешки во неодамна објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Од Меѓународната федерација на новинари велат дека се загрижени за минатонеделните случувања во А1 телевизија и препорачуваат правилно постапување на надлежните институции. Ваквите инциденти, во кои новинарите се спречени во извршувањето на нивните професионални задачи предизвикуваат длабвиока загриженост, вели Оливер Маникурл, заменик – генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари:
,,Исто така треба да има јасна транспарентност за сопственоста и прашањата за сопственоста на медиумите. Како и да е, властите имаат обврска да се однесуваат на одговорен начин и да не провоцираат ситуации во кои самите новинари се ставаат на фронтот во истраги кои се поврзани со нивните
Сметам дека сите треба да се повлечат и никој не треба да биде охрабруван да прави било што. Треба да има соодветна истрага за фактите на случајот.
Но, дали надлежните правилно реагираа? Министерството за внатрешни работи преку соопштение ги охрабрува граѓаните да ја тужат приватната телевизија. „Министерството апелира доколку граѓаните сакаат да го изразат својот револт на демократски начин и во свое лично име да побараат санкции за однесувањето на А1 Телевизија истото да го сторат до надлежните институции повикувајќи се на следните законски и уставни одредби“, се наведува во соопштението од Министерството. Запрашан за ова, Маникурл одговара:
,,Сметам дека сите треба да се повлечат и никој не треба да биде охрабруван да прави било што. Треба да има соодветна истрага за фактите на случајот. Во истрагата треба да бидат вклучени сведоштва од сите страни за тоа што се случило и само на тој начин ќе може да се утврдат правилностите и неправилностите."
По инцидентот во четвртокот реагираа повеќе институции.
Меѓународната ОБСЕ соопшти дека многу е важно да се утврдат фактите, и сите засегнати страни, вклучувајќи ги владата, финансиските институции и медиумите, да продолжат со разумен и смирен дијалог.
Исто така треба да има јасна транспарентност за сопственоста и прашањата за сопственоста на медиумите