На новинарството му се заканува самоубиство од заседа, почна само со себе да се пресметува. Вака еден колега иронично ја опишува состојбата на оваа професија на социјалната мрежа Фејсбук. А таму лични и политички дискредитации колку ти душа сака. Ова се дел од коментарите напишани од новинари на Фејсбук:
„Демократите на Велија се чудат на блокираната сметка (како божем не знаат дека има доверители со пресуди). Туку пред 2 години напишаа томови и ги гасеа светлата на сите други медиуми, само газдата да може да тера бизнис!“
„Ликуваш и се ужаснувам, а мечката игра денес кај нас ама утре е кај вас.“
„Да ти кажам право Фејсбук другарице, ова што го пишуваш е повеќе од безобразлук. “
Но, тоа не е се. Канал 5 им плаќа на новинарите во бонови за месо, пишуваше весникот Шпиц. Уредникот на Шпиц Бранко Героски се крие зад новинарите, возврати Канал 5. Се објавуваа и списоци со платите на вработените во А1 заедно со лични податоци кои лесно можат да бидат злоупотребени.
Поделбите на државни непријатели, платеници, патриоти, корумпирани, режимски полтрони, мегафони на власта, покрстени комуњари и млади и неискусни новинарчиња, проевропски и антиевропски, дактилографки и држачи на микрофони, се само дел од навредите кои се користат во медумската војна.
Поделбите меѓу новинарите најкорисни за политичарите
Политичарите и моќниците секогаш се обидуваат да влијаат врз новинарството за да добијат повеќе простор во медиумите за своите битки. Новинарите кои следат економија си добија и лекција од бизнисменот Златко Калеников како треба да изгледат и како да си ја вршат работата.
„Значи замислете девојки, убави, згодни, високи... си доаѓаат состалакот, со камерата, значи оптиматизација на трошоци во претпријатијата, во медиумите. Доаѓа го монтира сталакот, ја монтира камерата, го соблекува палтото, го мести микрофонот и застанува да го снима претседателот на Рено. Тоа кај нас сеуште не си случило, чисто да знаете што значи економска криза.“
Премиерот Никола Груевски, на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да не веруваат целосно во се што ќе видат на А1 телевизија.
„Што и да направиш, ако си од ВМРО си згрешил, ако си СДСМ и Бранко Црвенковски, секогаш си во право.“
Неодамна и лидерот на опозицискaта партија СДСМ Бранко Црвенковски обвини дека неколку медиуми се мегафони на власта.
„Ете му ги Сител и Канал 5, ете му го друштвото на партиски послушници и платеници.“
Новинарката Снежана Лупевска вели дека политичките поделби одамна се дел од секојдневието.
„Кај нас веќе сето ова се прави и на лична основа, без потреба. Наместо да си ја задржат новинарската сила и професионализмот, влегуваат во работи кои апсолутно немаат врска со новинарството, бранејќи туѓи ставови и интереси и мислам дека мотивите не се новинарски туку очигледно дека се работи за луѓе кои очигледно не се свесни за манипулацијата што ја вршат другите.“
Новинарот Борјан Јовановски вели дека власта преку своите таканаречени мегафони со години се обидува да дискредитира новинари.
„Пред јавноста колку што може да ги дискредитираат за да им го намалат нивниот рејтинг и тоа мислам дека тоа е точката од која почнува ескалацијата на таа поделба на новинари, која до ден денеска трае и која можеби сега кулминира со случувањата поврзани околу А1.“
Лупевска вели дека е тешко да се каже кој прв почна со личните дискредитации.
„Меѓутоа на лична основа мислам дека мора да има секогаш две страни за да бидат вакви препукувањата. Неможе да ги обвинуваме новинарите на Сител, па незнам новинарите на А1 вратиле, па другите телевизии и слично... Мислам дека се работи за поединци кои што очигледно толку многу сакаат да го изнесат својот личен револт, што забораваат и на јавноста и на тоа како тоа ќе се одрази во јавноста.“
Јовановски смета дека отсуството на личниот интегритет на поединци кои се ставаат во служба на политичките структури и нискиот степен на познавањето на професионалните стандарди се причините за доведување на професијата до ниско ниво.
„Сведоци сте и сами дека во целата атмосфера на оваа поделба почна откако во јавноста се појавија некои луѓе кои порано никој не ни претпоставуваше дека ќе бидат новинари и дека ќе бидат ставени на позиции на кои што се сега.“
Поделбата карактеристична за недемократски режими
Долгогодишниот дописник од Белград за Македонското радио, пензионираната новинарка Лилјана Јаковлевска вели дека сегашната состојба во новинарството ја потсетува на лоши времиња:
„Моето искуство од новинарството, особено од Србија за времето на Милошевиќ говори дека кога десет полицајци ќе се појават пред една редакција тоа е сигнал дека режимот отворил војна против новинарите, против професијата како таква. Во такви околности, во вакви авторитарни режими очекувано е да се создадат два фронта, еден на режимски новинари и еден на антирежимски новинари.“
Јаковлевска вели дека кога се отвараат такви фронтови и се објавува медиумска војна први умираат вистината и професионалноста.
Во 90-тите години во Србија прво ги избркаа дописниците на новинската агенција Франс Прес, никој не се потресе. Потоа полицијата почна да влегува во телевизии и кога го убија Славко Ќурувија тогаш на прогребот се појавија илјадници новинари, ама беше доцна, бомби паѓаа врз Србија, се потсетува на минатото Јаковлевска.
Поделбата на медиумите на левица и десница не е ништо ново во светот. Новинарот Назим Рашиди, кој неколку години работеше во Лондон за Би-Би-Си вели дека разликата е во тоа што во светот поделбата е транспарентна и се спроведуваат професионалните стандарди.
„Дури понекогаш може да се случи како што било пример во последните години, левичарските весници да ги критикуваат повеќе левичарските влади бидејќи важно за весниците е начелото, професионалноста, убедувањето, но не по секоја цена бранење на владата која таа да речеме греши или постапува различно од политичките убедувања.“
Тој додава дека проблемот во македонските медиуми е токму во неискреноста и непрофесионалноста при класично известување од настан.
Тоа што се случува во новинарството е одраз на ситуацијата и во македонското општество, велат експертите. Комуникологот Сеад Џигал вели дека е сосема легитимно определени медиуми да покажуваат транспарентно наклонетост кој некоја политичка идеологија.
Резултатите од последниот мониторинг на Центарот за нови медиуми покажуваат дека во изминативе неколку недели со случувањата во А1 телевизија и медиумите на МПМ, во голема мера, наместо кон информирање се приклониле кон убедување и предумислено критикување и заложување преку користење на широка палета реторички средства и техники за манипулација.
Директорката на високата школа за новионарство и односи со јавноста Жанета Трајковска посочува дека ваквата состојба во македонското новинарство ќе трае се додека не се собере доволно храброст да се направи еден процес на прочистување за новинарството да се врати на основите.
„Она што за жал се случува сега во македонското новинарство значи дека недоволно доблесни луѓе или луѓе со интегритет имаме во професијата и за жал се додека не си го исчистиме дворот, или додека не излеземе од ’деветиот круг на Данте‘ ова ќе излезе. Гледате што се случува, во последниве две-три недели сите политички партии ги користат новинарите, медиумите, состојбата во медиумите.“
Дел од новинарите очекуваат од Здружението на новинарите да се обиде, од новинарската фела да ги отстрани оние кои не работат во корист на новинарството на начин со кој на јавноста ќе и стави до знаење кои се тие луѓе и што навистина е новинарство.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека, доколку се почитуваат стандардите, чистката природно ќе се наметне.
„Ќе наметнеме една динамика на работа и однесување, на некој начин самите оние што не се придржуваат кон професионалните стандарди и етика, со време мислам дека ќе штрачат и нема потреба ние да покажуваме со прст кон нив, туку тие сами ќе си кажуваат.“
Селмани потсетува дека ЗНМ започнале акција за повлекување на тужбите кои се поднесени против новинари затоа што со тужби не се решаваат проблемите.
„Еве ова нека биде еден индикатор, на тие што сакаат понатаму да ја продлабочат поделбата меѓу новинарите, кои што нема да сакаат да ги повлечат тужбите против колегите, еве ова е еден индикатор дека тие колеги се оние кои што на некој начин ни прават проблеми и ние нема да мора да ги споменеме со име туку самите тие ќе се истакнуваат и јавноста ќе ги препознае.“
Тој додава дека само еден новинар доставил податок дека е тужен од новинар, а се шпекулира со бројка од 200 тужби на новинари кои тужат новинари.
Селмани смета дека она што се случува со медиумите во Македонија е резултат на погрешно водена медиумска политика во последните 20 години и од ваквата ситуација не може никој да се амнестира затоа што медиумите до сега повеќе и служеа на политиката и газдите а помалку на јавноста. Јаковлевска вели дека е тешко безболно да се излезе од ситуацијава во исполитизирано општество каде политичарите го симнаа нивото на комуникација на дното.
Нужност од промени во медиумската работа
Паметниот човек учи од туѓите грешки, изрека која може да се примени во оваа ситуација.
Рашиди, како едно од решенијата што ги нуди, е британскиот модел.
„Во Британија не е дозволена политичка кампања во електронски медиуми, радија и телевизии. И тоа на некој начин таму придонесува да целата дебата биде во весниците или на други начини на рекламирање. Кога целата таа политичка борба и кампања на политичките субјекти би ја тргнале од медиумите тогаш реално би останало само извествувањето.“
Тој додава дека во таква ситуација ќе се намали тензијата која е создадена. Доколку постои тенденција, сопствениците на приватните медиуми да бараат висок професионализам и тотална непристраснот би биле побезбедни без разлика која партија ќе биде на власт, вели Рашиди.
Како можно решение, дел од новинарите советуваат да се игнорират појавите кога политичарите премногу ги стават новинарите во уста. ЗНМ апелира медиумите да се свртат кон читателите, гледачите и слушателите, во прв план да бидат нивните проблеми и грижи, да се утврди заедничка стратегија со која ќе се заштитат правата и интересите на новинарите. Новинарите во едно се согласни, потребно е да се седне на маса и да се погледнат новинарите во очи и да си кажат што има да си кажат, и да се престане со поделбите на новинарите преку медиумите и социјалните мрежи.
„Демократите на Велија се чудат на блокираната сметка (како божем не знаат дека има доверители со пресуди). Туку пред 2 години напишаа томови и ги гасеа светлата на сите други медиуми, само газдата да може да тера бизнис!“
„Ликуваш и се ужаснувам, а мечката игра денес кај нас ама утре е кај вас.“
„Да ти кажам право Фејсбук другарице, ова што го пишуваш е повеќе од безобразлук. “
Но, тоа не е се. Канал 5 им плаќа на новинарите во бонови за месо, пишуваше весникот Шпиц. Уредникот на Шпиц Бранко Героски се крие зад новинарите, возврати Канал 5. Се објавуваа и списоци со платите на вработените во А1 заедно со лични податоци кои лесно можат да бидат злоупотребени.
Поделбите на државни непријатели, платеници, патриоти, корумпирани, режимски полтрони, мегафони на власта, покрстени комуњари и млади и неискусни новинарчиња, проевропски и антиевропски, дактилографки и држачи на микрофони, се само дел од навредите кои се користат во медумската војна.
Поделбите меѓу новинарите најкорисни за политичарите
Политичарите и моќниците секогаш се обидуваат да влијаат врз новинарството за да добијат повеќе простор во медиумите за своите битки. Новинарите кои следат економија си добија и лекција од бизнисменот Златко Калеников како треба да изгледат и како да си ја вршат работата.
„Значи замислете девојки, убави, згодни, високи... си доаѓаат со
Пред јавноста колку што може да ги дискредитираат за да им го намалат нивниот рејтинг и тоа мислам дека тоа е точката од која почнува ескалацијата на таа поделба на новинари, која до ден денеска трае и која можеби сега кулминира со случувањата поврзани околу А1.
Премиерот Никола Груевски, на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да не веруваат целосно во се што ќе видат на А1 телевизија.
„Што и да направиш, ако си од ВМРО си згрешил, ако си СДСМ и Бранко Црвенковски, секогаш си во право.“
Неодамна и лидерот на опозицискaта партија СДСМ Бранко Црвенковски обвини дека неколку медиуми се мегафони на власта.
„Ете му ги Сител и Канал 5, ете му го друштвото на партиски послушници и платеници.“
Новинарката Снежана Лупевска вели дека политичките поделби одамна се дел од секојдневието.
„Кај нас веќе сето ова се прави и на лична основа, без потреба. Наместо да си ја задржат новинарската сила и професионализмот, влегуваат во работи кои апсолутно немаат врска со новинарството, бранејќи туѓи ставови и интереси и мислам дека мотивите не се новинарски туку очигледно дека се работи за луѓе кои очигледно не се свесни за манипулацијата што ја вршат другите.“
Новинарот Борјан Јовановски вели дека власта преку своите таканаречени мегафони со години се обидува да дискредитира новинари.
Кај нас веќе сето ова се прави и на лична основа, без потреба. Наместо да си ја задржат новинарската сила и професионализмот, влегуваат во работи кои апсолутно немаат врска со новинарството, бранејќи туѓи ставови и интереси.
„Пред јавноста колку што може да ги дискредитираат за да им го намалат нивниот рејтинг и тоа мислам дека тоа е точката од која почнува ескалацијата на таа поделба на новинари, која до ден денеска трае и која можеби сега кулминира со случувањата поврзани околу А1.“
Лупевска вели дека е тешко да се каже кој прв почна со личните дискредитации.
„Меѓутоа на лична основа мислам дека мора да има секогаш две страни за да бидат вакви препукувањата. Неможе да ги обвинуваме новинарите на Сител, па незнам новинарите на А1 вратиле, па другите телевизии и слично... Мислам дека се работи за поединци кои што очигледно толку многу сакаат да го изнесат својот личен револт, што забораваат и на јавноста и на тоа како тоа ќе се одрази во јавноста.“
Јовановски смета дека отсуството на личниот интегритет на поединци кои се ставаат во служба на политичките структури и нискиот степен на познавањето на професионалните стандарди се причините за доведување на професијата до ниско ниво.
„Сведоци сте и сами дека во целата атмосфера на оваа поделба почна откако во јавноста се појавија некои луѓе кои порано никој не ни претпоставуваше дека ќе бидат новинари и дека ќе бидат ставени на позиции на кои што се сега.“
Поделбата карактеристична за недемократски режими
Долгогодишниот дописник од Белград за Македонското радио, пензионираната новинарка Лилјана Јаковлевска вели дека сегашната состојба во новинарството ја потсетува на лоши времиња:
„Моето искуство од новинарството, особено од Србија за времето на Милошевиќ говори дека кога десет полицајци ќе се појават пред една редакција тоа е сигнал дека режимот отворил војна против новинарите, против професијата како таква. Во такви околности, во вакви авторитарни режими очекувано е да се создадат два фронта, еден на режимски новинари и еден на антирежимски новинари.“
Моето искуство од новинарството, особено од Србија за времето на Милошевиќ говори дека кога десет полицајци ќе се појават пред една редакција тоа е сигнал дека режимот отворил војна против новинарите, против професијата како таква. Во такви околности, во вакви авторитарни режими очекувано е да се создадат два фронта, еден на режимски новинари и еден на антирежимски
новинари.
Јаковлевска вели дека кога се отвараат такви фронтови и се објавува медиумска војна први умираат вистината и професионалноста.
Во 90-тите години во Србија прво ги избркаа дописниците на новинската агенција Франс Прес, никој не се потресе. Потоа полицијата почна да влегува во телевизии и кога го убија Славко Ќурувија тогаш на прогребот се појавија илјадници новинари, ама беше доцна, бомби паѓаа врз Србија, се потсетува на минатото Јаковлевска.
Поделбата на медиумите на левица и десница не е ништо ново во светот. Новинарот Назим Рашиди, кој неколку години работеше во Лондон за Би-Би-Си вели дека разликата е во тоа што во светот поделбата е транспарентна и се спроведуваат професионалните стандарди.
„Дури понекогаш може да се случи како што било пример во последните години, левичарските весници да ги критикуваат повеќе левичарските влади бидејќи важно за весниците е начелото, професионалноста, убедувањето, но не по секоја цена бранење на владата која таа да речеме греши или постапува различно од политичките убедувања.“
Тој додава дека проблемот во македонските медиуми е токму во неискреноста и непрофесионалноста при класично известување од настан.
Тоа што се случува во новинарството е одраз на ситуацијата и во македонското општество, велат експертите. Комуникологот Сеад Џигал вели дека е сосема легитимно определени медиуми да покажуваат транспарентно наклонетост кој некоја политичка идеологија.
Резултатите од последниот мониторинг на Центарот за нови медиуми покажуваат дека во изминативе неколку недели со случувањата во А1 телевизија и медиумите на МПМ, во голема мера, наместо кон информирање се приклониле кон убедување и предумислено критикување и заложување преку користење на широка палета реторички средства и техники за манипулација.
Директорката на високата школа за новионарство и односи со јавноста Жанета Трајковска посочува дека ваквата состојба во македонското новинарство ќе трае се додека не се собере доволно храброст да се направи еден процес на прочистување за новинарството да се врати на основите.
„Она што за жал се случува сега во македонското новинарство значи дека недоволно доблесни луѓе или луѓе со интегритет имаме во професијата и за жал се додека не си го исчистиме дворот, или додека не излеземе од ’деветиот круг на Данте‘ ова ќе излезе. Гледате што се случува, во последниве две-три недели сите политички партии ги користат новинарите, медиумите, состојбата во медиумите.“
Дел од новинарите очекуваат од Здружението на новинарите да се обиде, од новинарската фела да ги отстрани оние кои не работат во корист на новинарството на начин со кој на јавноста ќе и стави до знаење кои се тие луѓе и што навистина е новинарство.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека, доколку се почитуваат стандардите, чистката природно ќе се наметне.
Во Британија не е дозволена политичка кампања во електронски медиуми, радија и телевизии. И тоа на некој начин таму придонесува да целата дебата биде во весниците или на други начини на рекламирање. Кога целата таа политичка борба и кампања на политичките субјекти би ја тргнале од медиумите тогаш реално би останало само извествувањето.