Од каде да почнеме во изобилството наслови во нашите медиуми? Можеби од неуспешната лидерска средба кај претседателот Иванов: Утрински коментира дека политичките лидери си „намигнаа“ кај Иванов затоа што широкиот формат во кој бил свикан состанокот дополнително ги разводенил шансите за некакви продлабочени дискусии и за позитивен исход, а Дневник пишува дека партиите, по неможноста да се договорат, влегле во пат позиција.
Време информира дека по неуспешната лидерска средба, лидерската палка сега била во рацете на дипломатите и дека меѓународната заедница го вклучила црвеното светло.
И Утрински ги забележува зачестените посети на седиштето на СДСМ на странските амбасадори во земјава, а ја најавува и посетата на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Томас Кантримен.
Нова Македонија во насловот го сугерира ставот дека „По лидерската, мрежата на Пајажина се скина“.
Вечер се фокусира врз нападите на лидерот на опозициската партија, Црвенковски, создавајќи впечаток дека откако сметката на А1 била одблокирана, наводно поради неговото барање, и кога биле создадени сите услови за предвремени избори, сега немало бегање за него, но дека тој ги излажал своите следбеници и сега правел обиди за одбегнување на такво нешто: „Шо се плашиш, бе!“, му извикува провладиниот весник на Црвенковски и го предизвикува: „Ај, Бранко, сега да те видиме!“.
Медиумите, инаку, наголемо пишуваат дека премиерот Груевски бил викнат на рапорт во Вашингтон, поради зовриената политичка ситуација кај нас и за да се изјаснел кон каде ја води Македонија: „Груевски на рапорт кај Клинтон и Бајден“ и „Вашингтон го повика Груевски на итен рапорт“, се насловите во Дневник и во Време.
За кавгата меѓу пратеникот Бучковски и неговиот „шеф“ Вељаноски информираат, исто така, сите медиуми: и повторно, во зависност од политичката наклонетост кон власта или кон опозицијата, зависи и реагирањето за тоа случување. „Бучковски куртули од лисици“, насловува Време; „Во политичките игри настрада службеничка“, насловува Дневник, а Вечер забележува дека пратениците можеле да ја бојкотираат работата на Собранието, ама не и платите и патувањата во странство.
Време детално се занимава со новиот нацрт закон за Радиодифузна дејност, забележувајќи дека тоа ќе биле „Владини правила за медиумски хаос“ и дека некои одредби оставале простор Владата да се наметне како главен цензор во работата на медиумите.