Дел од партиите од опозицијата не се враќаат во парламентот и покрај тоа што е одмрзната сметката на А1, а избирачкиот список е прочистен и подготвен за избори, како што соопштија од Министерствата за правда и за внатрешни работи. Иако ова беа дел од барањата на дел од опозициските партии за да се вратат во Парламентот, тие велат дека ова е само шминка.
Од опозициската СДСМ вчера коментираа дека предусловот се уште не е исполнет, затоа што истражниот судија Владимир Туфекџиќ може за неколку часа повторно да ја блокира сметката на А1. Кога Туфекџиќ ќе ја потврди ваквата одлука, тогаш ќе следи официјаленстав, соопштија од Партијата. А, според нив соопштената одлука за сметката е уште еден доказ повеќе колку е независно во моментов македонското судство. Но денеска од партијата не успеавме да добиеме официјален став.
Пред одржувањето на лидерската средба, СДСМ побара непречено и нормално функционирање на сите медиуми во земјава, „а поради актуелната ситуација, особено на А1, А2, Време, Шпиц и **** е ре“. Социјалдемократите побараа и отстранување на министерот за правда Михајло Маневски од Судскиот совет, донесување Закон за медиумски кампањи со којбуџетските пари рамномерно ќе се распределат на сите медиуми, консензуални измени на Изборниот закон со вклученост на ОБСЕ и ОДИХР и да се формира Собраниска комисија, на паритетна основа, за прочистување на избирачкиот список. Ажурирањето на изборниот список и работењето на А1 телевизија беа дел од барањата на НСДП, кој исто така го напушти Парламентот.
„Ако беше услов деблокирање на сметката на А1 за сите други прашања треба да се формира една парламентарна комисија и да седне да ги решава, па дури тогаш може да разговараме за враќање во парламентот“, вели Тито Петковски од НСДП.
И НД имаше свои барања за враќање во собраниските клупи. Но нема ни најмала надеж дека власта ќе работи на нашите барања, вели портпаролот на партијата Аријанит Хоџа.
„Остануваме надвор од Собранието се додека нашите барања не се реализираат. А, што се однесува до другите козметички решавања на проблемите, како на пример, прочистувањето на изборачкиот список, не може да се прочисти избирачки список без присуство на опозицијата.“
Лидерот на партијата Имер Слемани побара одлучување по бадентер во Уставниот суд и Судскиот совет, прекинување на изградбата на црквата на Кале и измени на Законот за попис и предвремени избори. Пред некое време Собранието го напуштија и Либералната партија и Нова Алтернатива.
Од опозициската СДСМ вчера коментираа дека предусловот се уште не е исполнет, затоа што истражниот судија Владимир Туфекџиќ може за неколку часа повторно да ја блокира сметката на А1. Кога Туфекџиќ ќе ја потврди ваквата одлука, тогаш ќе следи официјален
Ако беше услов деблокирање на сметката на А1 за сите други прашања треба да се формира една парламентарна комисија и да седне да ги решава, па дури тогаш може да разговараме за враќање во парламентот.
Пред одржувањето на лидерската средба, СДСМ побара непречено и нормално функционирање на сите медиуми во земјава, „а поради актуелната ситуација, особено на А1, А2, Време, Шпиц и **** е ре“. Социјалдемократите побараа и отстранување на министерот за правда Михајло Маневски од Судскиот совет, донесување Закон за медиумски кампањи со кој
Остануваме надвор од Собранието се додека нашите барања не се реализираат. А, што се однесува до другите козметички решавања на проблемите, како на пример, прочистувањето на изборачкиот список, не може да се прочисти избирачки список без присуство на опозицијата.