За првиот човек на македонското собрание, Трајко Вељаноски државата не е во политичка институционална криза. Собранието ќе продолжи да работи како и досега, и нема да дозволам истото да стане заложник на нечии партиски интереси, рече Вељаноски во обраќањето пред јавноста.
„Бојкотот не е начинот на кој треба да се решаваат проблемите и не им користи на националните интереси на државата.“
Спикерот Вељаноски за утре закажа итна седница на чиј дневен ред ќе бидат случувањата поврзани со случајот Перо Наков и А1 телевизија. На прашањето, дали ќе бидат
распишани предвремени избори доколку тоа го побара опозицијата, Вељаноски одговори:
„Јас како претседател на Собрание штом добијам барање за да се стави точка на дневен ред одлука за распуштање на Собранието, ќе ја ставам во најкратко време.“
Бојкотот на работата на собранието е легитимно право, но истото е најрадикално и треба да се користи само кога се во прашање непочитување и решавање на најсуштествените прашања во едно општество, соопштија од ДУИ.
„Ние остануваме отворени за еден транспарентен и конструктивен политички дијалог во врска со сите прашања за иднината на нашата земја“, изјави Тахир Хани од ДУИ.
Одлуката на СДСМ да го напушти Собранието е конечна, а денешната координативна седница кај претседателот Трајко Вељаноски е безуспешен маркетиншки трик да се покаже некаков дијалог со опозицијата. Оваа изјава на генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров потврдува дека опозицијата ќе делува надвор од институциите.
„Ние ќе делуваме меѓу народот, со граѓаните, бидејќи народот како никогаш досега во демократската историја на Македонија не бил прегазен од страна на некоја владеачка гарнитура која буквално владее со терор, со закани, со арач, со уништување на се што мисли поинаку и со правење притисок врз луѓето“, изјави Петров.
Одлуката на СДСМ, НСДП, Нова демократија, Нова алтернатива и Либерална партија да го напуштат собранието не ја поддржа Либерално демократската партија. Решени се да останат во Собранието и да делуваат како опозиција.
Последните случувања на политичката сцена ќе создадат прекин во комуникацијата власт-опозиција, а несомнено е дека ќе предизвикаат и политички тензии, објаснува политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Рамадани, кој во пратеничкото столче помина четири мандати вели дека демократските стандарди во земјава се нарушени.
„Обично, Парламентот, предлозите на законите и другите акти ги добива од владата на Република Македонија и тогаш тоа веќе значи и политичка криза затоа што ќе бидат донесени без опозиција.“
Според Рамадани, многу веројатно е дека сите овие случувања водат до предвремени избори.

Бојкотот не е начинот на кој треба да се решаваат проблемите и не им користи на националните интереси на државата.
Спикерот Вељаноски за утре закажа итна седница на чиј дневен ред ќе бидат случувањата поврзани со случајот Перо Наков и А1 телевизија. На прашањето, дали ќе бидат
распишани предвремени избори доколку тоа го побара опозицијата, Вељаноски одговори:
„Јас како претседател на Собрание штом добијам барање за да се стави точка на дневен ред одлука за распуштање на Собранието, ќе ја ставам во најкратко време.“
Бојкотот на работата на собранието е легитимно право, но истото е најрадикално и треба да се користи само кога се во прашање непочитување и решавање на најсуштествените прашања во едно општество, соопштија од ДУИ.
„Ние остануваме отворени за еден транспарентен и конструктивен политички дијалог во врска со сите прашања за иднината на нашата земја“, изјави Тахир Хани од ДУИ.
Одлуката на СДСМ да го напушти Собранието е конечна, а денешната координативна седница кај претседателот Трајко Вељаноски е безуспешен маркетиншки трик да се покаже некаков дијалог со опозицијата. Оваа изјава на генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров потврдува дека опозицијата ќе делува надвор од институциите.
Ние ќе делуваме меѓу народот, со граѓаните, бидејќи народот како никогаш досега во демократската историја на Македонија не бил прегазен од страна на некоја владеачка гарнитура која буквално владее со терор, со закани.