Достапни линкови

Лидерска за излез од кризата?


Евроамбасадорот Ерван Фуере ги повика македонските власти да организираат лидерска средба на која ќе се разговара за сите отворени прашања во земјата. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е добро, но со забелешка дека главниот политички дијалог треба да се води во Парламентот. Социјалдемократите, пак, најавуваат дека нивниот став во врска со ова ќе биде појасен по саботното заседавање на Централниот одбор на партијата.

По изјавата на европратеникот Ерван Фуере дека би било добро да има лидерска средба која ќе биде фокусирана на сите отворени прашања, во СДСМ, каде неколку денови го бојкотираат Собранието, коментираат дека се ќе биде појасно во сабота кога ќе имаат централен одбор на партијата:
Имаше лидерска средба пред десетина дена која беше крајно непродуктивна, во секој случај ако дојде таква покана СДСМ во тој момент ќе го гради својот став.


„Имаше лидерска средба пред десетина дена која беше крајно непродуктивна, во секој случај ако дојде таква покана СДСМ во тој момент ќе го гради својот став“, изјави Владо Бучковски.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека идејата на амбасадорот Фуере е во правец да даде предолози како да се одвива дијалогот, но повторуваат дека
Евроамбасадорот Ерван Фуере
главниот разговор треба да се води во законодавниот дом. Политичкиот дијалог е неопходен и за да може да се одвива најпрво опозицијата треба да се врати во Собранието, а секоја друга форма е добредојдена, меѓудругото и лидерските средби кои се организираат под покровителство на претсеадателот на државата, вели Петар Поп-Aрсов од ВМРО ДПМНЕ:
Собранието е центарот каде што се води политичкиот дијалог, а формата која ќе се избере за тој политички дијалог да биде надополнет, збогатен, е работа на сите политички
лидери.


„Собранието е центарот каде што се води политичкиот дијалог, а формата која ќе се избере за тој политички дијалог да биде надополнет, збогатен, е работа на сите политички лидери кои што на некој начин меѓусебно треба да се договорат за тоа.“

Со излегувањето на опозицијата од Собранието многу работи зависат од тоа кои се нивните барања за прекин на бојкотот, сметаат во ДУИ. Решението треба да се бара така што ќе се седне на маса, посочува Теута Арифи:

„Очигледно дека е сериозно кога опозицијата не учествува во работата на Собранието и тоа има лошо влијание врз сите демократски процеси, мислам дека треба да се има разговори со опозицијата, да се види кои се нивните барања и секако да се најдат компромиси според кои ќе може да продолжи работата и процесите во државата.“

СДСМ досега ги образложи причините за напуштање на Парламентот, а акцент ставија и на тоа дека не треба да се распишуваат евентуални предвремни избори зошто за тоа претходно е потребно да има дијалог. Европратеникот Фуере јасно повика дека е потребна лидерска средба која ќе биде фокусирана на сите отврени прашања. Единствен начин за подобрување на ситуацијата во земјава е интензивирање на политичкиот дијалог, рече европретствникот Ерван Фуере кој на средбата со претседателот на СДСМ Црвенковски потенцираше и дека СДСМ треба да го прекине бојкотот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG