Сместен на само неколку километри од Охрид до регионалниот пат кон Битола, иако постои многу одамна, милениумски стариот сега заспан вулкан во Косел, познат како сулфатара и дувало, излегува од анонимност, но се уште тој не е доволно познат и посетен од граѓаните и туристите. Единствениот жив неопасен вулкан на Балканот, покрај кого луѓето поминуваат и го чувствуваат неговиот непријатен мирис, станува достапен за јавноста.
„Делумно е непознат, затоа што со години беше затрупан со градежен шут и друг вид отпад, знаеа дека постои и каде точно е лоциран. Општината во годишната програма за 2010 година, презеде активности за средување на овој локалитет, со расчистување на целиот постојан отпад таму, средено е, уреден е локалитетот, поставена е заштитна ограда, информативна табла на македонски и англиски јазик, а на самиот регионален пат поставени се патокази, кои водат до вулканот“, вели Јасминка Момироска од одделението за заштита на животната средина во Охридската локална самоуправа.
Таа ги објаснува својствата и карактеристиките на вулканот како ретка појава на овие простори.
„Ова е заспан вулкан, кој се уште емитира сулфурни гасови. Тој е единствена ваква појава на Балканот, што претставува активна поствулканска појава, што е јасен доказ за постоењето на некогашната вулканска активност, на која ова и е последен знак на одумирање. На овој простор има неколку мали кратери со пречник од 0,5 метри и длабочина до 30 сантиметри. Вулканот истовремено е сулфатара, што значи пукнатина од која избива гас сулфур водород и мофета, пукнатина од која избива гас јаглен диоксид, со чие мешање се добива карактеристичниот мирис на расипано јајце. Последен податок за постоење на топлата вода што постоела на овој локалитет е од 1973 година, кога при геолошки испитувања е откриена топла вода на длабочина од 80 до 100 метри со околу 30 целзиусови степени. Лековитоста на водата и калта од вулканот се познати уште одамна. Барајќи спас најчесто од кожните болести, луѓето сулфурот го мешале со глина и го мачкале по болните делови од телото, значи се користеле за лекување на некои кожни болести“, вели Момироска.
Таа додава дека сега кај вулканот во Косел не постои топла сулфурна вода и тој не се користи за лекување како во минатиот век, но може да се посети за што годинава општината ќе го уреди и тампонира и патот до него за полесен пристап.
„Би можело во смисла на носење на организирани групи ученици од школската и студентска популација, да го посетат вулканот како единствен жив вулкан на Балканот, за да се запознаат директно со неговите карактеристиките и како точно изгледа еден ваков заспан вулкан. Исто така во туристичката понуда на градот Охрид ова може да биде една туристичка атракција, може во организираните посети да се вклучи и и овој локалитет“, вели Момироска.
Таа очекува туристичките агенции, кои имаат информативен и промотивен материјал за Вулканот, овој локалитет да го вметнат во туристичкиот пакет за гостите во Охридскиот регион.
Делумно е непознат, затоа што со години беше затрупан со градежен шут и друг вид отпад, знаеа дека постои и каде точно е лоциран. Општината во годишната програма за 2010 година, презеде активности за средување на овој локалитет, со расчистување на целиот постојан отпад таму, уреден е локалитетот, поставена е заштитна ограда, информативна табла на Македонски и Англиски јазик, а на самиот регионален пат поставени се патокази, кои водат до
вулканот.