Достапни линкови

Битола без стратегија за привлекување грчки туристи


Битола
Битола

Битолските бизнисмени и лекари кои соработуваат со грчки клиенти се жалат дека градот нема конкретна стратегија за привлекување на овие постетители.

Според нив, ваквата мерка е најнепоходна сега, зашто поради финансиската криза што ја погоди Грција, туристи од таму доаѓаат во Битола, но трошат во просек 30 отсто помалку од порано. Тие како проблеми ги посочуваат застоите на граница, недостигот на пропаганден материјал, не со туристички дестинации, туку со попусти и распордажби, како и големиот број пиштачи низ битолските улици.
Еден од најискусните битолски угостители Цане Момировски вели конкретни мерки за тоа нема.

„Туристичкото друштво тука што е формирано конкретно да се сврти кон овој пазар и да сторат конкретни мерки, тоа не е направено. На пример, на границата денес го држеле автобусот три саати од Костур со посетители. За што да го држат
Тоа се горливи проблеми кои ја тиштат Битола. Пред два дена му се случи на еден клиент кај мене му го скршија автомобилот, му го зедоа кастетофонот. Да дојдеше кај мене ќе му дадев 50 евра, само да не ми прави ваков проблем.
автобусот? Општината треба да влијае тука. Треба тука да бидат добро примени. Втора работа ние немаме информации на самата граница, брошури за потрошувачката, за цените, за распродажби во одредени денови.“

Стоматолозите кои се најпосетени од Грците зашто услугите се два до три пати поевтини од соседството, се жалат на други проблеми. Забарот Горан Тодоровиќ, претседател на Здружението на приватни лекари стоматолози, споделува неодманешно искуство кога во градот допатувал негов клиент од Грција.

Битола

„Јас го дочекав како домаќин и на паркингот наеднаш се насобраа Ромчиња, од кои осум помали, а два поголеми. Им велам немојте човекот доаѓа во Битола. На што личи ова, нели сме филмски град, град на Манакиеви средби итн. Нема предност во тоа што сме пограничен град. Тоа се горливи проблеми кои ја тиштат Битола. Пред два дена му се случи на еден клиент кај мене му го скршија автомобилот, му го зедоа кастетофонот. Да дојдеше кај мене ќе му дадев 50 евра, само да не ми прави ваков проблем. Тоа се организациски проблеми кои Битола страшно ја тиштат“, вели Тодоровиќ.

Наспроти ваквите жалби, од општината досега во неколку наврати имаат посочено дека е изработена стратегија за туризам и дека во последните години се зголемува бројот на ноќевања. Но, хотелиерите велат дека посетите на Грците претежно се еднодневни и не влијаат драстично врз покачувањето на туристичката такса од која добар дел завршува во општинската каса.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG