Политичките односи меѓу државите го ограничуваат користењето на здравствените установи во регионот, посочуваат здравствени работници. Меѓу Македонија и Грција засега не е постигнат договор дел од трошоците да ги покрива државата доколку нејзин државјанин се лекува кај јужниот односно северниот сосед. Мал е бројот на грчки пацинети што се лекуваат во битолската болница, иако на жителите од северна Грција таа им е поблиску отколку некои клинички центри во нивната држава. Поголем е бројот на македонски пацинети кои лекарска помош бараат на солунската клиника, позната како врвен центар, но трошоците за пат и лекување си ги плаќаат сами.
,,Во овој момент препреките кои постојат и несоработката, некоордираноста на регионот оневозможуваат врвна здравствена заштита и многу животи на пацинетите се губат, да не зборуваме за огромните материјални средства што се губат во овој момент. Во 21 век не е примерно да се губат животи на деца, на возрасни заради некакви граници или административни забрани."
вели Димче Кузмановски, директор на битолската болница. Почнувајќи од триаголникот Скопје, Тирана, Солун нема поголема болница од битолската на оддалеченост од 150 до 200 километри. Овој регион зафаќа над 1,5 милион жители кои доколку не постојат границите ќе може непречено да добијат поинтегриран систем на здравствена заштита. Засега соработката со грчките здравствени установи се изведува на едукативен план и преку донации. Соработката со западниот сосед, Албанија, е во зачеток.
,,Македонија и Албанија имаат потпишано договор на ниво на министерства за одреден број на пациенти од Албанија со размена да може да се лечат во Македонија. Таа бројка е симболична, околу 500 пациенти."
додава Кузмановски. Доколку трите држави успеат да го договорот тој економски дел, ќе се инкорпорира здравствениот систем како во Европската Унија каде во повеќето земји ваквите финансиските пречки се надминати. Таму лекувањето на пациентите е регулирано со договори меѓу здравствените системи на државите и кај повеќето, пацинетите не плаќаат дополнително.
Во овој момент препреките кои постојат и несоработката, некоордираноста на регионот оневозможуваат врвна здравствена заштита и многу животи на пацинетите се губат