Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски не замина за Црна Гора каде требаше да учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите челенки на процесот за соработка во Југоисточна европа со што е откажана и средбата со неговиот грчки колега Димитрис Друцас до која требаше да дојде на маргините на состанокот.
Како причина за неучеството на состанокот министерството го наведува пролонгирањето на летот за Подгорица заради маглата и снегот на скопскиот аеродром.
По добивањето информација за неможност да стигне навреме на состонокот во Будва, Милошски за македонската информативна агенција МИА изјави дека се надева дека средбата со неговиот колега Друцас ќе се оддржи кога има помалку магла во билатералните односи.
Инаку претходно заедничко учество во Црна Гора, по повод претседавањето на Црна Гора со процесот на соработка во ЈИЕ се оценуваше како прилика воБудва и за разговори на министерот Милошоски со неговиот грчки колега Друцас. Оваа средба на министерско ниво ја иницираше македoнската страна.
За средбата со неговиот грчки колега Друцас во Црна Гора, Милошоски претходно во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека би било добро, покрај за името, да се разговара и за економската соработка меѓу двете земји, за избегнување на двојното оданочување, како и за отворање нови гранични премини односно и за други теми:
,,За нешта кои конкретно видливо и реално ќе ја покажат вољата на двете страни за поголемо зближување и соработка и ќе ја олеснат и зближат комуникацијата на нашите стопанственици, на нашите луѓе."
Состанокот Милошоски-Друцас требаше да се случи во пресрет на средбата на медијаторот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, закажана за 9 февруари во Њујорк.
Одговарајќи на прашање што очекува од средбата шефот на грчката дипломатија изјави дека Атина има политичка волја да се најде решени и повтори дека грчките ставови за ова прашање се име со географска одредница и за севкупна употреба, со што потврди дека позициите на двете стрaни се спротивни.
Македонија, како што најави шефот на македонската дипломатија на новата рунда разговори во Њујорк очекува да биде потврдена посветеноста на двете земји на процесот во ОН и на продолжувањето на дијалогот.
Како причина за неучеството на состанокот министерството го наведува пролонгирањето на летот за Подгорица заради маглата и снегот на скопскиот аеродром.
По добивањето информација за неможност да стигне навреме на состонокот во Будва, Милошски за македонската информативна агенција МИА изјави дека се надева дека средбата со неговиот колега Друцас ќе се оддржи кога има помалку магла во билатералните односи.
Инаку претходно заедничко учество во Црна Гора, по повод претседавањето на Црна Гора со процесот на соработка во ЈИЕ се оценуваше како прилика во
За нешта кои конкретно видливо и реално ќе ја покажат вољата на двете страни за поголемо зближување и соработка и ќе ја олеснат и зближат комуникацијата на нашите стопанственици, на нашите луѓе