За првпат се водат оперативни разговори со грчките синдикати со цел реално да се согледаат правата на работниците од текстилните компании во Грција и да ги споредат со оние од Македонија. Споредбата треба да ги определи натамошните чекори за пообрување на правата на работниците во текстилната иднустрија, вели претседателот на ССМ, Живко Митревски.
„На тој начин сакаме да помогнеме преку едно заедничко дејствување да обезбедиме некои други позиции и се надевам дека тие иницијативи кои ќе бидат проследени од Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат прифатени од грчките синдикати за да можеме заеднички да делуваме и да обезбедиме една поголема заштита на работниците кои работат во овие претпријатија кои претежно се со грчки капитал“, изјави Митревски.
Битолските текстилки досега во неколку наврати се имаа пожалено за експлоатација на нивниот труд. Од една од нив беше покрената и првата тужба за мобинг во државата. Иако газдите тврдеа дека не ги газат нивните права, трудовата инспекција во изминатите години заради непријавено прекувремено работење и за празници на неколку од фирмите им изрече парични казни. Од синдикатот најавија поголемо здружување со цел да се издејствува поголемо почитување на работничките права.
„Сојузот на синдикати на Македонија е водач на една активност во делот на обезбедување и мобилизирање на едно поголемо единство на сите синдикати. Ова ново раководство и колегите кои ќе работат на регионите имаме еден нов концепт во делот на синдикалното организирање во Македонија како треба да се организира и како треба да работи во иднина пандан на она што се случува во организирањето на капиталот“, додава синдикалниот лидер.
Инаку во Битола, во последните десет, години Грците отворија десетина текстилни претпријатија каде работат неколку стотици битолчанки. Претежно во дел од компаниите платата на шивачките во просек изнесува десет илјади денари.
Преку едно заедничко дејствување да обезбедиме некои други позиции и се надевам дека тие иницијативи кои ќе бидат проследени од Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат прифатени од грчките синдикати за да можеме заеднички да делуваме и да обезбедиме една поголема заштита на работниците.