Достапни линкови

Работнички права


Протести на Сојузот на синдикати на Македонија
Протести на Сојузот на синдикати на Македонија

Од година во година работничките права се намалуваат. Синдикалните протести како да станаа „изумрена категорија", а работниците и натаму се на „мета" на работодавачите. Прекувремена работа, нередовни плати, неплатени придонеси е генерално состојбата во Македонија. Но, и натаму се молчи и никој не реагира - работниците уплашени дека реакцијата ќе донесе отказ, а Синдикатот се повеќе ја губи улогата.

,,Да бидеш човек, да имаш топла крв,
да мислиш со глава и да работиш со рака
и пак да бидеш нешто мртво.
През цел свој живот и ден и ноќ
да се трудиш и мачиш
и пак да бидеш гладен и страден.

Работник - патник:
да немаш ништо и да страдаш за сичко-
а ти и твоите браќа да правите се!
Палати да правиш, да живееж у изба -
од лулка да гроб
да бидеш роб,
од вашата мака
да живеат друзи.“


Не е случаен изборот со песна на Кочо Рацин да ја започнеме денешната емисија, токму на овој ден кога ширум светот се прославува денот на трудот. Некои со транспаренти пред Влада, некои со пиво и скара на ливада, но како и да е од понеделник сите на работа, на труд. Ако треба да се даде објаснување за просечниот македонски работник, тоа би изгледало вака: тоа е човек кој се владее по онаа народната „наведната глава, сабја не ја сече“, знае малку за своите работнички права, а и да знае повеќе, не ги бара, за да не остане без
Неодамнешните протести на стечајните работници пред Владата
работа.
Многу малку се променило од времето кога за работникот пишувал Кочо Рацин. Денес како и тогаш работникот работи од утро до мрак, за малку пари. Она на што најчесто се жалат работниците се малите плати кои воопшто не кореспондираат со податоците кои ги дава Заводот за статистика, потоа ајде што се мали, па не ги земаат и редовно, се уште многу од луѓето кои работат не се пријавени и иако работат и по десетина години немаат ни ден работен стаж, немаат дефинирано работно време, не им даваат одмор, списокот е долг, но велат дека мора да работат. Работниците кои не ги анкетиравме велат дека не си ги познаваат своите права, а и нема да има некое фајде ако си ги знаат.
Па што знам да ви кажам дали ги знаат правата, во оваа збрка сега тешко да ги знаат сите права, бидејќи нема кој да ги информира.


„Јас мислам дека 12 посто не ги познавам. Работното време еве јас на пример каде што работам ми даваат некаков список да потпишам дека сум примил плата, таму пишува некои 176 часа, меѓутоа јас работам 20-30 часа секој месец плус. Зошто не се пишуваат тие часови таму, ја прашувам секретарката и таа советува да потпишам. Јас ќе потпишам ама јас работам 50 саботи во годината, што значи дека работам 14 месеци, а годината има 12 месеци.“
Димитрис Цукалас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

„Да ви кажам не ги знаaт баш правата, дали треба да се образуваат луѓево или не знам.“

„Па што знам да ви кажам дали ги знаат правата, во оваа збрка сега тешко да ги знаат сите права, бидејќи нема кој да ги информира.“

„Дури и да ги познаваат правата, што од тоа. Можеш овде да ги оствариш своите права? Не можеш, сите институции се против вас.“

Во самостојна Македонија, а особено во последните неколку години законите што се носат им ги скратуваат правата на работниците.
Дури и да ги познаваат правата, што од тоа. Можеш овде да ги оствариш своите права? Не можеш, сите институции се против вас.
Здравко Савески од движењето за социјална правда „Ленка“ вели дека секоја партија има свој удел во кратењето на правата на работниците.

„Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ги штити работничките права, туку напротив масовно ги намалуваат. Значи СДСМ дури беше на власт многу работнички права намали, на таа ситуација на многу намалени работнички права ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги намали.“
Пецо Груевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:18 0:00

Пеце Груевски од Сојузот на Синдикати на Македонија, вели дека работниците кои членуваат во синдикат , можат од синдикатот да побараат правна помош во случај кога нивните права се нарушени, но неретко се случува тие да се обрќаат премногу доцна, вели Груевски.

„Ќе добијат дисциплинска мерка, отказ итн. не доаѓаат во Синдикатот, или е неинформиран или незнам што, но оди по адвокати и откако ќе дојде работата до безизлез тогаш се јавуваат во Синдикатот или, пак, има ситуација кога ќе добијат отказно решение ќе се пропушти рокот и тоа е најголем пропагатор негативен за Синдикатот во смисла: Еве мене Синдикатот не ми помогна. Како да ти помогне кога ти не си дошол, не си кажал?!“

Проблемот во Македонија е и што нема вистински синдикален дух. Досега големите протести и штрајкови кои биле масовно посетени може да се избројат на прсти. Минатата година на 1 мај, денот на трудот протести организираше само Здружението за социјална правда „Ленка“, а на протестот имаше и по некој синдикалец. Кога имаше протести пред собранието во кое се гласаа измени за Законот за работни односи, со кој им се скратуваа одделни права на работниците, исто така немаше многу луѓе. Македонија не може да се пофали со силно синдикално движење. Протести како што има во Грција или во Франција за работниците во земјава, се мислена именка. Но, за разлика од кај нас, во Грција штрајкот е национален спорт, вели Димитрис Цукалас од синдикатот на банкарите во Грција. Цукалас вели
Гневни ,,работници"
дека таму нема работник што не е член на синдикат. Тој раскажува дека имало случаи прво да се договорат дека ќе штрајкуваат, па дури потоа да се договараат кои ќе им бидат барањата. Но, Цукалас велли дека последните случувања, со економската криза и загриженоста за тоа каков же им биде утрешниот ден и дали ќе ја задржат работата, се почесто ги држи работниците подалеку од штрајк.

„Синдикатите работат во овој период, значи организираат штрајкови, протести. Но, на штрајковите не излегуваат многу луѓе бидејќи сега владее една клима на тероризирање преку медиумите со кои се заплашува народот, па така работникот си вика: Остани дома да не го загубиш тоа што го имаш.“

Синдикалното движење во земјата дополнително е нарушено и со меѓусебните препукувања меѓу синдикатите. Се обвинуваат дека се
Невработеноста делува мошне неповолно на улогата на Синдикатите во принцип секаде во светот, а другата причина е нивната недоволна мобилизација и организираност. Очигледно дека имаат проблеми кои што се однесуваат чисто на нив
привезоци на партиите, дека работат само за свои интереси. Законот за работни односи во последната година претрпе неколку измени, за кој некои синдикати тврдеа дека им ги скратува правата на работниците. ССМ обвинуваше дека власта ги прави законите без да ги консултира и не прифаќа ниту еден предлог од нив. А пак, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Раско Мишкоски вели дека за секоја измена биле консултирани, освен за последните измени за кој се гласаше пред неколку недели, со кој се предвидува работникот за време на дисциплинска постапка наместо цела плата да зема само 30 проценти од износот.
Здравко Савески
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:32 0:00

,,До сега секогаш кога имало измени во Законот за работни односи, како што беше и претходната, сме имале повеќе расправи. За жал за оваа последната измена навистина бевме доцна запознаени."

Заменик министерот за труд и социјала, Спиро Ристевски пак вели дека измените ги носат во согласност со сите чинители на кој се однесува законот.

,,Дискутирано е и со организациите и со дел од работодавачите така што тоа е основната иницијатива поради која што ја вршиме промената."

Експертите, состојбата во која се наоѓаат синдикатите ја поврзуваат со повеќе причини меѓу кои економскиот развој и големата стапка на невработеност.

Текстилните фабрики постојано под критика дека не ги почитуваат работничките права
„Која делува мошне неповолно на улогата на Синдикатите во принцип секаде во светот, а другата причина е нивната недоволна мобилизација и организираност. Очигледно дека имаат проблеми кои што се однесуваат чисто на нив“,
Во вистинска смисла на зборот да го прославам како Ден на трудот, немам што да прославувам.
вели Лидија Христова од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.

Први мај не е комунистички празник како што сметаат многумина и не започнал да се празнува во кумунистичка земја. Во 1886-та година во Соединетите Држави , работниците излегне на генерален штајк со барање да се воведе осумчасовно работно време, бидејќи претходно работеле и по 16 часа дневно. Во тоа врем работниците не биле ниту здравствено, ниту социјално осигурани. На 1 мај, 1886-та кога протестирале повеќе од 300 илјади работници, во Чикаго дошло и до судир со полицијата, при што имало и загинати. Две години подоцна во знак на поддршка на работниците од Чикаго, се одржале масовни протести во повеќе земји. Работниците, пак, како и години наназад, празникот го чекаат како ден за одмор, а протестите ги оставаат за некое друго време.

„Во вистинска смисла на зборот да го прославам како Ден на трудот, немам што да прославувам.“

„Нема кој да те организира, поединци како поединци ништо нема да постигнат. За тоа треба силен Синдикат, како што е во средените држави. Кај нас ќе излезат 10 луѓе и гледаат сеир.“

„Јас како таксист сакав да организирам еден штрајк, би го пријавил нормално, но јас не можам да најдам 10 луѓе да соберам, сите бегаат.“

Експертите, за излез од апатичната состојба во која се наоѓа работникот, повикуваат сите чинители да си ја вршат својата работа. Синдикатот поактивно, а ако треба и од фабрика до фабрика и од фирма до фирма да го повикуваат работникот да си ги оствари своите права. Работникот да го промени својот менталитет и да го крене гласот против експлоатацијата, а државата доследно да ги спреведува законите, да им ги штите правата и да ги казнува прекршителите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG