Со овие измени работникот се осудува на сиромаштија, пред тој да биде прогласен за виновен вели потпаролот на Сојузот на Синдикати Милан Живковиќ.
„Со намалувањето на платата на 30 проценти додека трае дисциплинската постапка против работникот, тој се осудува предвреме со 70 проценти од платата. Значи, тој нема да добива голем дел од својата плата, за време на дисциплинската постапка, за време на суспензијата. Значи, со ова предвреме тој се осудува на дополнителна сиромаштија, дури потоа ќе се одлучува што и како во врска со работникот.“
Марјанчо Николов од опозициската СДСМ вели дека измените претставуваат уште една сурова казна за работниците од страна на Владата.
„СДСМ ќе биде против овие измени на законот за работни односи, како што сме против сите измени на ВМРО ДПМНЕ кој го доведе работникот во ситуација да биде аргат, а не рамноправен партнер со работодавачите во остварувањето на своите права и обврски од работниот однос.“
Претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати, Раско Мишкоски вели дека износот кој ќе им се исплаќа на работниците за време на судската постапка треба да биде поголем.
„Овие судски постапки траат и со години. Работникот се доведува во ситуација таа висина од 30 посто да е минимална доколку тој е единствен вработен во фамилијата. Тука требаше да се размисли дали требаше да биде 30 посто или поголем процент.“
Во досегашната пракса се покажа дека голем број постапки траат со години и голем дел од работниците не сакаат тие да се завршат, бидејќи добиваа надомест од цела плата вели заменик министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
„Со оваа иницијатива практично се обидуваме на некој начин да издејствуваме забрзување на постапките. Во ситуација кога би се докажало дека работникот е невин, односно дека нема никаква одговорност ќе му се исплати обесштетување, но доколку се докаже дека работникот навистина предизвикал штета, во тој случај ќе му престане и работниот однос.“
Со намалувањето на платата на 30 проценти додека трае дисциплинската постапка против работникот, тој се осудува предвреме со 70 проценти од платата. Значи, тој нема да добива голем дел од својата плата, за време на дисциплинската постапка, за време на суспензијата.