Достапни линкови

Името најгорливо прашање на лидерската средба


Средбата на лидерите заврши без конкретен епилог. За власта корисна - за опозицијата несуштинска.

За власта корисна, за опозцијата формална и без содржина. Денешната лидерска средба која траеше речиси три часа заврши без конкретен епилог. Од текот на средбата задоволен беше домаќинот Горге Иванов..

„ Имавме корисна средба и расправавме за прашања од суштествен стратегиски интерес“

За лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, добро е тоа што по повеќе од осум месеци власта и опозицијата седнале на иста маса, за да зборуваат за тешки проблеми во државата. Сепак додаде дека на средбата не слушнал ништо ново.

Бранко Црвенковски
Основна цел беше да се демонстрира дијалог..


„Основна цел беше да се демонстрира дијалог и да не сликате и фотографирате отколку суштински да се разговара“

Покрај пописот, евроинтеграциите и претстојните јубилеи, 20 години од независноста и 10 години од рамковниот договор, најгорливо прашање на средбата било прашањето за името.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски рече дека нема најави за поинтензивни преговори со Грција, иако, како што рече го посакува тоа. Ги отфрли шпекулациите за можен референдум годинава, бидејќи како што посочи за референдум е потребен предлог кој ќе биде прифатен од двете страни.

„Засега немаме предлог од Нимиц кој е во најмала рака е прифатлив за Грција, па да видиме потоа дали е за нас за да го ставиме на референдум“

Никола Груевски
Засега немаме предлог од Нимиц, кој би бил прифатлив за Грција, па за нас за да го ставиме на референдум...


изјави Груевски.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети побара поактивно вклучување на Соединетите Држави во преговарачкиот процес, со цел што побрзо сда се дојде до заедничќки прифатливо решение.
Еве што за ваквата идеја изјави премиерот Груевски

„Немам против од вклучување на некој што може да помогне. САД и сега се вклучени преку давање и размени на идеи и сугестии“.

За Нова демокраија најголеми забелешки имаат за пописот и постоечкиот закон. Барањата за негови измени биле отфрлени од другите политички лидери, рече Имер Селмани од оваа партија. Тој изјави дека на средбата биле слушнати и некои нови сугестии околку натамошниот тек за преговорите за името, но детали не соопшти.

„Не можеме да чекаме како Грција. Мора да станеме членка на НАТО и ЕУ ако сакаме да се развиваме не економски и демокрастки план“

На денешната средба не присуствуваше само лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи, кој претходно најави дека истата се прави само колку да се создаде привид дека се е нормално во општеството.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG