Министерскиот совет донесе одлука прашањето на Македонија околу определување датум за преговори да биде оставено за наредните шест месеци за време на унгарското претседателство. Овој заклучок покажува дека името на земјава кое и е проблем на Грција е проблем и за ЕУ, бидејќи одлуките се носат со консензус и ја доведуваат во пат позиција и Европската Унија, изјави Петар Поп Арсов од Комисијата за европски прашања.
,,Тоа е форма што ја користи ЕУ, за земјите членки да не дојдат во меѓусебен конфликт и затоа се одлага прашањето за доделување на датум, така што ова е искористена форма од страна на ЕУ кон Македонија повторно да го одложи доделувањето на датум, сите знаеме зошто е тоа така, тоа е поради противењето на Грција и поради спорот што е наметнат во однос на нашето уставно име."
Владо Бучковски од Социјал Демократскиот сојуз заклучоците од Министерскиот совет ги оцени како очекувани, но предупреди дека се добиени сигнали за заостанување на земјава во споредба со земјите од регионот. Според него владата постојано бара изговор за своите неуспеси:
,,Македонија дефинитивно полека, но сигурно се ближи на опашката од западен Балкан, бевме лидер во регионот пред пет години, а сега може да се радуваме на успесите на нашите соседи. Нашата погубна надворешна политика не закова на дното."
И во останатите политички партии од опозицијата го делат впечатокот дека владата не покажала дека води надворешна политика која земјава ја води на вистинскиот
пат:
,,Сосема различно од она што се случува во нашето опкружување, Црна Гора која доби кандидатски статус, Србија оди напред, дури и БИХ покажува некои знаци, Албанија оди напред, а ние единствени ,,тапкаме во место" меѓутоа за жал немаме никакви одговори од владата зошто е тоа така, туку имаме целосно игнорирање на тој процес."
изјави Андреј Жерновски од ЛДП. За Петар Поп Арсов аргументите кои опозцијата ги користи да ја критикува надворешната политика на владата се тенденциозни со одглед дека земјава добила повторена препорака за почеток на преговорите. Во Демократската Унија за интеграција повикаа да се искористи наредниот период да се преземат чекори кои на земјава ќе и помогнат во разрешувањето на спорните прашања со Грција и добивањето датум:
,,Тоа беше очекувано од страна на Министерскиот совет, практично дава шанса пак на Македонија односно во овие шест месеци да се залага што повеќе институционално внатрешно и надворешно политички и да биде активна во разрешување на овие спорни прашања."
изјави Сафет Незири. Опозицијата смета дека ниту по шест месеци не може никој да ни помогне ако сами не си го решиме пробемот и повика дека е потребна промена на политиката.
Така што ова е искористена форма од страна на ЕУ кон Македонија повторно да го одложи доделувањето на датум, сите знаеме зошто е тоа така, тоа е поради противењето на Грција и поради спорот што е наметнат во однос на нашето уставно име
,,Тоа е форма што ја користи ЕУ, за земјите членки да не дојдат во меѓусебен конфликт и затоа се одлага прашањето за доделување на датум, така што ова е искористена форма од страна на ЕУ кон Македонија повторно да го одложи доделувањето на датум, сите знаеме зошто е тоа така, тоа е поради противењето на Грција и поради спорот што е наметнат во однос на нашето уставно име."
Владо Бучковски од Социјал Демократскиот сојуз заклучоците од Министерскиот совет ги оцени како очекувани, но предупреди дека се добиени сигнали за заостанување на земјава во споредба со земјите од регионот. Според него владата постојано бара изговор за своите неуспеси:
Македонија дефинитивно полека, но сигурно се ближи на опашката од западен Балкан, бевме лидер во регионот пред пет години, а сега може да се радуваме на успесите на нашите соседи