Кои се позитивните ефекти од членството на Македонија во НАТО и Европската унија? Генералот Давид Хумар вели дека индиректните придобивки би биле привлекување на странски инвестиции.
„Одговорот е многу едноставен. Разгледајте наоколу и видете какви големи инвестици има во околните земји. Како и да е, има и директни придобивки. НАТО има заеднички буџет со кој може да инвестира во земјата. Дури и денес, НАТО инвестира во Вашата земја со таканаречениот проект за патишта и мостови. Патииштата и мостовите од Скопје до Гевгелија се реконструираат.“
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски вели дека Македонија секако треба да ги спроведе реформите за привлекување на странски инвестиции.
„Ние како држава треба да го сработиме дури и да не постоеше потребата за исполнување на критериумите за ЕУ и НАТО и секако тоа ќе привлече странски инвестции откако ќе биде целосно реализирано.“
Првиот човек на УСАИД во Македонија Мајк Фриц вели дека во оваа фаза важни се подготовките:
„Добро е што Македонија сега размислува за овие прашања, што се подготвуваат за членство во Европската унија. Соодветната подготовка може да биде голема предност за компанијата и за економијата во земјата. Во спротивно, отворањето на економијата кон целата Европска унија може да донесе конкуренција за која не сте подготвени.“
Зошто на инвеститорите им е толку битно членството во евроатланското семејство на земјата во која сакаат да инвестираат? На ова прашање одговара Мелан Шчерба, првиот консултант на фирмата „Хјулит Пакард“ за централна и источна Европа:
„Пред сè поради тоа што Европската унија го финансира градењето на капацитети преку предпристапните инструменти. Тоа на сите ни дава можност за градење на капацитети, подобрување на управувањето, владеење на правото, обезбедување на социјална кохезија и така натаму.“
Инаку, на оваа тема денеска дискутираа претставници на странските мисии и на македонската влада на трибина во организација на Американската стопанска комора „Am - Cham“.
Одговорот е многу едноставен. Разгледајте наоколу и видете какви големи инвестици има во околните земји. Како и да е, има и директни придобивки. НАТО има заеднички буџет со кој може да инвестира во земјата.
„Одговорот е многу едноставен. Разгледајте наоколу и видете какви големи инвестици има во околните земји. Како и да е, има и директни придобивки. НАТО има заеднички буџет со кој може да инвестира во земјата. Дури и денес, НАТО инвестира во Вашата земја со таканаречениот проект за патишта и мостови. Патииштата и мостовите од Скопје до Гевгелија се реконструираат.“
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски вели дека Македонија секако треба да ги спроведе реформите за привлекување на странски инвестиции.
Ние како држава треба да го сработиме дури и да не постоеше потребата за исполнување на критериумите за ЕУ и НАТО и секако тоа ќе привлече странски инвестции откако ќе биде целосно реализирано.