Достапни линкови

Франција ја подржува Грција


Од средбата на премиерот Груевски со францускиот претседател Саркози
Од средбата на премиерот Груевски со францускиот претседател Саркози

Франција не е против Македонија, но како земја членка на ЕУ ја поддржува Грција во спорот за името, вели францускиот амбасадор Жан Клод Жлумберже.

Франција не е контрадикторна во својот став за спорот со името меѓу Македонија и Грција, туку таа со другите земји членки на Европската унија е едногласна и солидарна со одлуката на Грција. Вака францускиот амбасадор во земјава, Жан Клод Жлумберже го коментираше прашањето дали неговата земја игра двојна игра во прашањето за името, по појавата на тајните документи на интернет сајтот Викиликс во кои се вели дека француските власти побарале од Вашингтон да ја поддржи грчката позиција.
Не негирам дека Франција ја поддржува Грција во рамки на европската солидарност, затоа што тоа беше кажано во 2008 година од страна на нашиот претседател, но тоа тргнува од идеата дека тоа воопшто пак незначи дека Франција зазема став против Македонија

,,Не негирам дека Франција ја поддржува Грција во рамки на европската солидарност, затоа што тоа беше кажано во 2008 година од страна на нашиот претседател, но тоа тргнува од идеата дека тоа воопшто пак незначи дека Франција зазема став против Македонија или против европската иднина на Македонија."

Според Жлумберже во проблемот со името не треба да се меша ниту Франција, ниту некоја друга земја.

,,Прашањето за името е билатерално прашање што треба да биде решеено меѓу вашиот јужен сосед и вас и се разбира дека ние нема да се мешаме ниту во формата, ниту во суштината на решението затоа што тоа не е наша цел, но ниту цел на било која друга земја членка на ЕУ."

Во однос на идејата и НАТО алијансата да се вклучи во решавањето на прашањето Жлумберже вели дека тие можат да направат убедување кон двете земји, но не и притисок за изнаоѓање на решение.

,,Да се зајакнат напорите за да се постигне решение, но дали НАТО, дали ЕУ не треба да се надеваме дека земјите членки директно ќе се вклучат во тоа прашање за името, бидејќи тоа беше кажано во повеќе наврати дека нема да се случи."

Францускиот амбасадор порача и дека не треба Македонија да се фокусира на дати и утврдени рокови, ниту да чека до некој нареден самит на НАТО за да стане негова членка, туку работите според него се решаваат само со политичка волја.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG