Достапни линкови

НАТО = Просперитет


Стабилност и мир, а со тоа гаранција за економски просперитет. Ова според експертите, но и за првиот човек на НАТО во Скопје Давид Хумар, го нуди членството во НАТО.

Влезот во НАТО не значи само гаранција за мир и стабилност. Тоа е услов за развој и просперитет, тоа значи економски бенефит, добра инфраструктура, подобра позиција во меѓународната политика. Вака експертите во оваа област се обидуваат да ги објаснат предностите на оваа организација и придобивките на Македонија доколку еден ден стане нејзина членка. Сепак, првиот човек на НАТО штабот во Скопје, командант Давид Хумар, кој ќе биде гостин во неделното интервју на радио Слободна Европа вели дека членството автоматски не значи и пари.

,,Мирот и стабилноста се основа за развој и просперитет. Оттука ќе добиете
Генерал Дејвид Хумар
подобри услови за развој и просперитет. Може да се каже дека тие се дел од инфраструктурата. Оттука, потребни ви се патишта, аеродроми, потоа
Ние сме сигурни дека членството во НАТО ќе поддржи нови странски инвестиции во државата како што тоа беше случај со некои други релативно нови НАТО земји членки. Сепак, членството автоматски не значи и пари. Постојат и други релевантни фактори, но сепак дава добра основа за тоа, заедно со другите инфраструктурни елементи
елекрична енергија, образовен систем, добар банкарски систем, итн, но без мир и стабилност, сево ова ќе биде бескорисно и никој нема да инвестира, а вие сте заинтересирани за нови инвестиции. Ние сме сигурни дека членството во НАТО ќе поддржи нови странски инвестиции во државата како што тоа беше случај со некои други релативно нови НАТО земји членки. Сепак, членството автоматски не значи и пари. Постојат и други релевантни фактори, но сепак дава добра основа за тоа, заедно со другите инфраструктурни елементи."

вели Хумар.
Професорот Трајан Гоцевски објаснува дека модерната Алијанса, не е само воена организација. Членството значи политички, демократски и економски придобивки, вели тој.

,,Последните три проширувања покажуваат дека по влезот во НАТО во првите три години, странските директни инвестиции се зголемуваат меѓу 4 и 11 пати."

Но, членството во НАТО подразбира простап и до безбедносно инвестициониот фонд, кој предвидува средства кои се вложуваат во новопримените членки, а кои во најголем дел се користат во инфраструктурата, посочува Гоцевски
Последните три проширувања покажуваат дека по влезот во НАТО во првите три години, странските директни инвестиции се зголемуваат меѓу 4 и 11 пати


,,НАТО мора да се разбере во еден поширок контекст, а тоа значи дека тоа развива земји со функционална пазарна економија, ги шири пазарите и ги прави новопримените земји членки на НАТО безбедна дестинација за странски инвестиции."

Потпретседателот на Евроатланскиот сојуз, Ризван Сулејмани вели дека членството во НАТО ни нуди безбедносни гаранции од опасностите на 21 век.

,,Тоа се опасносности кои се во движење или т.н. номадски опасности, каде што нема дефинрана линија на фронт, каде што нема окупирани територии и опасности што неможе една земја да ги елиминира ако не е во една мрежа каква што е НАТО."

Од НАТО штабот во Скопје укажуваат дека во овој момент прашањето за името е вистинското прашање од кое зависи нашето членство. Сепак, генералот Хумар посочува дека се додека ова прашање не е решено, Македонија треба да остане посветена на реформите, особено во делот на одбраната.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG