Достапни линкови

Средба за името?


Милошоски најавува можна средба на преговарачите со медијаторот Нимиц
Милошоски најавува можна средба на преговарачите со медијаторот Нимиц

Шефот на дипломатијата Милошоски најави дека во наредните денови можно е медијаторот Нимиц да закаже нова средба за името.

Во следните неколку денови е можна средба на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, најави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Но, дали ќе има средба зависи од грчката страна, бидејќи од таму се чека потврда, а македонската страна веќе потврдила дека ќе учествува на средбата на која би се продолжил македонско-грчкиот дијалог. Милошоски вели дека македонската страна сака наскоро Нимиц да ја посети и земјата.
Еден таков нов импулс може значително да помогне во зголемувањето на динамиката на македонскот-грчкиот дијалог по однос на ова прашање.


„Ние цениме дека еден таков нов импулс може значително да помогне во зголемувањето на динамиката на македонскот-грчкиот дијалог по однос на ова прашање.“

И експерите очекуваат придвижување на дијалогот за решение на спорот.

Посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц во Скопје на 24 февруари 2010

„Мислам дека следната година ќе има повеќе активности и иницијатор на сите нив треба да бидеме ние. Бидејќи нас премногу ни тежи проблемот, меѓутоа тоа не може да се реализира доколку не постои подготвеност и кај другите, тоа значи дека понижување ќе има, но ние треба да бидеме носители на активности“, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Никовски вели дека решението треба да се бара во Вашингтон и Брисел.
Сметам дека по однос на позицијата на Република Македонија истата е легитимна, веќе изградена и координирана помеѓу институциите кои што имаат легитимен и демократски капацитет.

За поскоро надминување на дводеценсикиот спор, неодамна ДУИ предложи САД и ЕУ да помогнат во постигнување на внатрешен консензус за името, а во истовреме да вршат притисок врз Скопје и Атина. Министерот Милошоски вели дека партијата на Ахмети е стабилен коалиционен партнер и нивниот удел во прашањето за името е конструктивен.

„Сметам дека по однос на позицијата на Република Македонија истата е легитимна, веќе изградена и координирана помеѓу институциите кои што имаат легитимен и демократски капацитет. Ценам дека секоја дополнителна политичка подршка од релевантните политички субјекти во Македонија е добродојдена, но не е клучна за да можеме да продоложиме со веќе започнатиот дијалог.“

Милошоски на состанокот со дипломатскиот совет, на амбасадорите им ја пренел политичката волја на владата за интензивирање на активностите за надминување на спорот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG