Достапни линкови

НАТО го предаде кампот во Скопје


НАТО го напушти последниот камп во Македонија
НАТО го напушти последниот камп во Македонија
Од денеска кампот „Ејбл Центри“ каде што досега беше сместен НАТО штабот е дел од касарната „Страшо Пинџур“. Високиот воен претставник на Алијансата во земјава, генерал Давид Хумар му ги предаде клучевите на министерот за одбрана Зоран Коњановски. Хумар изјави дека предавањето на кампот потврдува дека земјава има постигнато значаен прогрес како во безбедноста, така и во одбранбените реформи. Меѓудругото, тој изрази надеж дека во 2011 година спорот за името ќе биде решен и Македонија ќе стане полноправна членка на
Самиот чин е оценка дека не се очекуваат некои подраматични дестабилизации, но од друга страна тоа не значи дека Македонија ќе стане членка на Алијансата, се додека не го реши билатералниот проблем со јужниот сосед.
НАТО. За министерот Коњановски пак, предадените клучеви ја симболизираат зрелоста и подготвеноста, како и принципиелното партнерство на Македонија со НАТО.
Предавањето на штабот на НАТО во рамките на касарната Страшо Пинџур, според експертите е добра вест за земјава.

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин вели оти ова е знак дека покажуваме фаза на самодоволност во смисла на обезбедување на стабилност на земјава.

„Самиот чин е оценка дека не се очекуваат некои подраматични дестабилизации, но од друга страна тоа не значи дека Македонија ќе стане членка на Алијансата, се додека не го реши билатералниот проблем со јужниот сосед“, изјави Ружин.

Неодамна, во интервју за Радио Слободна Европа, командантот на НАТО, генерал Давид Хумар го најави денешното предавање на штабот на Армијата. Тој изјави дека главната цел на Алијансата е да се достигне моментот кога присуството на НАТО силите повеќе нема да биде потребно.

Командантот на НАТО во Македонија, генерал Давид Хумар

„НАТО членките решија да ги намалат своите мирновремени структури и за време на понатамошната трансформација на Алијансата ќе се реши каде ќе бидат лоцирани идните мирновремени бази. Секако ќе има многу помалку бази, отколку во моментот. Ова ќе биде прашање за стратегиските планери и предмет на договор помеѓу НАТО членките. Во меѓувреме, некои од базите кои се кризни бази, како тие во Косово, Босна и Штабот во
Главната цел на НАТО на Балканот е да се достигне моментот кога присуството на НАТО силите повеќе нема да биде потребно, а тој миг се ближи. Но, секако го чекаме моментот кога сите земји од овој регион, особено вашата, ќе влезе во НАТО.
Скопје кој е под моја команда во моментот се ревидираат и се во процес на намалување. КФОР ја намали својата структура како и нашиот штаб. Главната цел на НАТО на Балканот е да се достигне моментот кога присуството на НАТО силите повеќе нема да биде потребно, а тој миг се ближи. Но, секако го чекаме моментот кога сите земји од овој регион, особено вашата, ќе влезе во НАТО.“

И професорот Назми Малиќи вели дека намалувањето на присуството на НАТО силите во земјата не е изненадување. Македонија ги спроведе реформите што од неа се бараат:

„Ќе се прилагодуваат и нашите единици во рамките на системот за одбрана и воошто за менаџирање на одредени кризи кои се внатрешни од елементарни непогоди или некои други, што секако нашите сили се во состојба тоа да го направат сами.“

Во иднина, штабот на НАТО во Скопје ќе биде целосно сместен во Министерството за одбрана и ќе се фокусира исклучиво на поддршка на реформските процеси во секторот на одбраната.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG